Спорт
Леброн со трипл-дабл му пресуди на Кливленд, Вуд блескаше против Вашингтон

Шестмина кошаркари постигнаа 30+ поени изминатата ноќ во НБА-лигата. Ѕвезди на вечерта се младиот играч на Хјустон Крис Вуд и ветеранот Леброн Џејмс.
Хјустон го победи Вашингтон, 115:97. До 18. победа во 72. натпревар сезонава, Хјустон го предводеше Крис Вуд со 39 поени. Крилниот центар на „ракетите“ погоди осум тројки од девет обиди.
Леброн Џејмс блескаше против својот поранешен тим Кливленд Кавалирс. ЛА Лејкерс славеше со 131:120. Џејмс забележа трипл-дабл со 38 поени, 11 скока и 12 асистенции.
Бостон селтикс ја продолжи победничката низа на турнејата по Западот. По Голден стејт и Денвер, пред Селтикс падна и Оклахома. Бостон победи со 132:123. Џејсон Тејтум постигна 36 поени за победниците, кај Оклахома се истакна Тре Ман со рекордни во кариерата 35 поени.
Кевин Дурент ја доби шутерската пресметка со Донован Мичел, а Бруклин ја победи Јута со 114.106. Дурент натпреварот го заврши со 37 поени, седум поени помалку постигна Мичел за Јута.
Резултати: Шарлот-Њу Орлеанс 106:103, Детроит-Портланд 115:119, Филаделфија-Мајами 113.106, Чикаго-Торонто 113.99, Далас-Минесота 110:108.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шефот на ИОЦ инсистира: Суспензиите се за доброто на руските спортисти!

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах, тврди дека санкциите што се поставени на руските спортисти се за нивно добро и во исто време ги предупреди спористите да не даваат поддршка на сопствената држава во војната во Украина.
На сесијата на ИОЦ во Швајцарија, Бах повтори дека ИОЦ бил принуден да советува суспензија на руските и на белоруските спортисти бидејќи Москва го прекршила олимпиското примирје, но и дека со суспензијата се помага за безбедноста на спортистите од овие две земји.
„Нашите активности имаат две цели – санкции, од една страна, и заштитни мерки, од друга. Моравме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувња и да препорачаме руските и белоруските спортисти и официјални лица да не учествуваат на нив или барем да учествуваат како неутрални, без својата националност. Ова се заштитни мерки, а не санкции. Безбедноста на руските и белоруските спортисти не можеше да се гарантира поради длабоките антируски и антибелоруски чувства во многу земји“, објаснува Германецот.
Тој исто објасни зошто слични мерки не се повеле против други земји во минатото.
„Зошто реагиравме на оваа војна поинаку отколку на многуте други војни во светот? Има два одговора. Првиот е дека војната во Украина е поинаква бидејќи е очигледно прекршување на олимпиското примирје. Вториот одговор се наоѓа во политичките, социјалните и во економските последици на војната, кои ја прават како пресвртница во светската историја“, додава Бах.
Рускиот олимписки шампион во пливање, Евгениј Рилов, доби деветмесечна суспензија по присуството на концерт во Москва за одбележување на обединувањето на Русија и Крим со Z на својата јакна, а рускиот гимнастичар Иван Кулијак доби едногодишен суспензија за носење Z при натпреварувањето во Катар во март.
„Ги следиме детаљно оние што ја поддржуваат оваа војна и нивните изјави или активности ќе донесат потребни последици. Ова беше докажано од ФИНА и ФИГ со своите суспензии“, предупреди Бах.
Спорт
Медведев нема да оди на суд за да игра на Вимблдон

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев, вели дека не планира да бара правда пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) откако Вимблдон им забрани на руските и на белоруските тенисери да настапат на елитниот гренд слем турнир.
Одлуката на Вимблдон беше критикувана од АТП и ВТА-турнејата, како и од повеќе индивиуални тенисери, а се најавува дека ако не се смени одлуката, турнирот нема да носи рејтинг-поени како казна од федерациите. Шампионот од САД опен, Медведев, вели дека се направиле многу грешки за забраната и дека чека АТП да реагира.
„Јас не сум адвокат. Ако не можам да играм, нема да одам на суд за ова, тоа е сигурно“, изјави Медведев пред почетокот на „Ролан Гарос“ во Париз.
Спорт
Барнли и Лидс се закануваат со тужба против Премиер лигата и Евертон

Борбата за опстанок во Премиер лигата добива поинаква димензија пред последниот викенд откако Лидс јунајтед и Барнли, двата клуба што уште немаат сигурен опстанок, најавија тужба пртив Премиер лигата и Евертон поради сериозно нарушување на финансиските правила од клубот во Ливерпул.
Британските медиуми откриваат дека Барнли и Лидс со писмо ги известиле Премиер лигата и Евертон дека го задржуваат правото за легална битка барајќи истрага за тоа како Евертон дозволил последните три години да работат со загуба од фантастични 371,8 милион фунти.
Според сегашните правила во Премиер лигата, клубовите смее да одат во минус 105 милиони фунти во период од три години и во спротивност може да бидат казнети со одземање поени. Парите загубени поради пандемијата на Ковид-19 не се сметаат во овие загуби, но Лидс и Барнли тврдат дека Евертон има тројно поголема загуба од просечен премиерлигаш.
Инаку, Евертон вчера успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, а Лидс и Барнли влегуват во последното коло со ист број поени, а Лидс има подобра гол-разлика.