Спорт
Легенда: Никогаш не победил, а игра тенис 26 години
Италијанскиот тенисер Енрико Бекучи нема забележано победа во кариерата која трае веќе 26 години.
„Wall street journal“ го нарече Бекучи „Легендата на челинџерите“.
Италијанецот открил дека нема да се повлече додека не победи некого.
„Играм само за таа една победа, само една. Кога ќе ја забележам ќе се повлечам“.
Бекучи има 47 години, тенис игра од 1994 година. одиграл 270 мечеви и на сите бил поразен. Овој тенисер игра и сингл и дубл, последниот пораз го доживеал во дубл, во Анталија.
„Започнав касно да играм, кога имав девет години. Се вљубив во тенсот кога татко ми му купи дрвен рекет. Растев со Лендл, Мекинро, Виландер, Конорс и со генијот Гилјермо Вилјас. Тенисот е мојата страст. Започнав да се натпреварувам на 21 годишна возраст. Знам дека тоа е касно но целта е иста, сакам да победам“, рекол тенисерот од Пиза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шек ја одбра идеалната петорка на сите времиња – без Леброн
Шекил О’Нил по завршувањето на кариерата излезе во медиумите, а неговите изјави често ги споделува јавноста.
Шек во интервју за Билд го остави Леброн Џејмс надвор од петте најдобри на сите времиња.
„Мајкл Џордан, Коби Брајант, Џулиус Ирвинг, Карл Мелоун и јас“.
Кога го прашале да го објасни својот избор, Шек одговорил:
„Одредени играчи доминираа во лигата во различни моменти од мојот живот. Како дете, им се восхитував на играчите како Џулиус Ирвинг, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Лери Бирд“.
За О’Нил нема дилема дека Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња.
„Тој го потврди својот статус со достигнувања со кои ретко кој може да се спореди и влијанието што го имаше на оваа игра во текот на неговата кариера“, заклучува О’Нил.
Спорт
ВАДА бара суспензија за Синер
Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана и бара суспензија за Јаник Синер.
Непосредно пред почетокот на УС Опен на крајот на август, беше објавено дека ITIA (International Tennis Integrity Agency) го ослободи Синер, т.е. дека не нашла „нема вина и немарност“ во случајот на два позитивни теста за клостебол во март.
Меѓутоа, ВАДА мисли поинаку и смета дека пресудата не била точна според сегашните правила, како што се наведува во соопштението.
„Ќе побараме суспензија меѓу една и две години. ВАДА не бара поништување на ниту еден резултат“, се вели меѓу другото во соопштението на ВАДА.
Синер, и покрај притисокот од тој допинг скандал, го освои УС Опен, негова втора Грен слем титула, по Австралија Опен исто така оваа година.
Спорт
Солскјер: Не можевме да го пуштиме Роналдо во Сити
Оле Гунар Солскјер призна дека Манчестер Јунајтед направил грешка кога го вратил португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо од Јувентус на Олд Трафорд во 2021 година, но откри и дека клубот го направил тоа за да го спречи одличниот стрелец да замине во Манчестер Сити.
Роналдо го отслужи првиот мандат во Јунајтед од 2003 до 2009 година, кога беше продаден на Реал за тогаш рекордна сума од 94 милиони евра. Во втората во првата сезона постигна 24 гола, а потоа во втората по критиките од клубот поради статусот во тимот остана без договор. Прво го менаџира Оле Гунар Солскјер, кој набрзо доби отказ, а по привременото решение на Ралф Рангник, во клубот пристигна и Ерик тен Хаг.
„Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 15 години. Играв со него. Играше за Јунајтед. Тој има историја со овој клуб. Тој го напушта Јувентус и не можеме да му дозволиме да замине во Манчестер Сити. Тој веројатно би постигнал повеќе голови таму, отколку што ќе даде гол денес.
Роналдо за Јунајтед одигра вкупно 346 натпревари со учинок од 145 гола и 64 асистенции. Халанд неодамна го постигна својот 100-ти гол за Сити. Му беа потребни 105 натпревари.