Спорт
Легендарниот велемајстор Анатолиј Карпов е во кома, се бори за живот
Легендарниот шаховски велемајстор Анатолиј Карпов, се наоѓа во болница. Тој е во кома откако паднал и се повредил во близина на руската Дума во Москва.
Карпов е пронајден без свест, а бил и во очигледна алкохолизирана состојба кога бил примен на интензивна нега во Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.
„Мојот татко е сериозно повреден откако имал пад. Во моментот е во вештачка кома“, објави неговата ќерка.
71-годишниот Карпов е поранешен светски првак во периодот од 1975 до 1985 година. Тој освои уште три титули во организација на ФИДЕ, во 1993, 1996 и 1998 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Динамо и Црвена звезда со полни каси го завршија учеството во ЛШ
Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда со полни каси го завршија учеството во Лигата на шампионите.
Динамо е најголемиот губитник оваа сезона. „Модрите“ го победија Милан во последното коло (2:1), освоија 11 поени, но завршија на 25.место. Гол разликата го елиминира Динамо од Лигата на шампионите. По 11 поени освоија и Манчестер сити, Спортинг Лисабон и Клуб Бриж.
Црвена звезда немаше никакви шанси за пласман во плејофот, но дополнително заработи со победата во Берн над Јанг Бојс (0:1).
Од учеството во Лигата на шампионите Динамо заработи речиси 40 милиони евра, а Црвена звезда приходуваше 32 милиони евра.
Најмногу пари во прелиминарната фаза собра Ливерпул. Поразот во Ајндховен го спречи да ја пробие магичната граница од 100 милиони евра. Освен „црвените“, само уште еден клуб ја надмина границата од 90 милиони евра, а тоа е Интер, додека блиску се Арсенал, Барселона, па дури и Атлетико Мадрид.
Вреди да се потсетиме дека УЕФА одлучи да ги награди осумте првопласирани. Клубовите кои изборија место во осминафиналето добија по 11 милиони евра. Истата сума ќе ја добијат и победниците од плеј-офот за место во топ 16.
Подоцна, кој ќе стигне до четвртфиналето ќе добие 12.500.000 евра, полуфиналистите уште 15.000.000, финалистите дополнителни 18.500.000, а победникот во Лигата на шампионите, во мај оваа година на Алијанц Арената во Минхен, ќе добие уште 10.000.000. од кои 6.500.000 за освојување на купот, а останатите 4.000.000, бидејќи автоматски ќе учествуваат во борбата за трофејот во Суперкупот на УЕФА.
💸💰📊 UEFA Champions League (unofficial) prize money rankings at the end of the league stage:
🔹 Liverpool's 🏴 defeat means they're just short of €100m
🔹 Inter 🇮🇹 the second one to breach €90m, Arsenal 🏴 and Barcelona 🇪🇸 very close to it
🔹 Lille 🇫🇷 close to €80m, A.… pic.twitter.com/T3SBIinORu— Football Meets Data (@fmeetsdata) January 30, 2025
Спорт
Астон Вила го одби Арсенал за Оли Воткинс
Челниците на фудбалскиот клуб Астон Вила ја одбиле понудата на Арсенал за нивниот напаѓач Оли Воткинс, објавија британските медиуми.
Се очекува Арсенал да достави нова подобрена понуда за 29-годишниот фудбалер, објави „Скај Спорт“. Бројни медиуми објавија дека понудата е вредна 70 милиони евра.
Астон Вила не сака да го продаде Воткинс, поради што не изгледа веројатно дека трансферот ќе се случи во зимскиот преоден рок.
Воткинс постигна 10 гола за Вила на 23 натпревари оваа сезона. Вила мора да го задржи англискиот репрезентативец, бидејќи пред заминување од клубот е Колумбиецот Џон Дуран. Џокерот на менаџерот Унаи Емери, како што тврди „Скај Спорт“ ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Спорт
Романо: Нико Ковач потпиша договор со Борусија Дортмунд
Нико Ковач (53) во текот на денот официјално ќе биде преставен како тренер на Борусија Дортмунд. Трансфер гуруто, Фабрицио Романо објави дека хрватскиот тренер потпишал договор со „милионерите“.
Најсигурниот извор од пазарот додава дека директорот на Борусија Ларс Рикен изјавил дека се е договорено со Ковач и дека новиот тренер ќе го предводи тимот в сабота, на првенствениот натпревар против Хајденхајм.
По завршувањето на фудбалската кариера, Ковач ја предводеше хрватската младинска и сениорска репрезентација. Во клупскиот фудбал влезе во 2016 година како тренер на Ајнтрахт Франкфурт, кој го водеше до 2018 година. Го освои Купот на Германија. Летото таа година стана тренер на најтрофејниот германски клуб. Во сезоната 2018/2019 со Баерн ја освои германската двојна круна во 2018/19 година. Иронично доби отказ откако доживеа дебакл од својот поранешен тим Ајнтрахт.
Се пресели во Монако, каде се задржа две години. Потоа Ковач се врати во Германија како тренер на Волфсбург, на чија клупа седеше од мај 2022 година до март минатата година. Оттогаш е невработен.
Во Дортмунд го чека тешка ситуација. Тимот кој минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите по 19. коло е а 11. место во Бундеслигата, со 22 бода помалку од лидерот Баерн. Зоната на Лигата на шампионите е на шест бода. Затоа претходниот тренер Нури Шахин доби отказ.