Спорт
Лејкерси без Леброн немоќни против Денвер (видео)
Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо ги поразија Лос Анџелес Лејкерс со 128:104 во дерби-мечот што се одигра во текот на ноќта во НБА-лигата.
Натпреварот во Лос Анџелес беше израмнет две и пол четвртини. Во средишницата на третиот период Денвер го подигна нивото на играта со серија 10:0 стигнаа до 77:67, а сè беше јасно кога на почетокот на последниот период дојдоа до 105:82.
Лејкерс, и покрај овој пораз, е лидер во Западната конференција со скор 24-6, а Денвер го прескокнаа Лос Анџелес Клиперс и сега е втор со скор 20-8.
Денвер до шестата победа во низа го предводеше Пол Милсап со 21 поен, односно Гери Херис со 19 поени и пет асистенции. Србинот Никола Јокиќ мечот го заврши со 18 поени, шест скока и пет асистенции.
Лејкерси овој меч го одиграа без Леброн Џејмс, во негово отсуство најефикасен беше Ентони Дејвис со 32 поена и 11 скока. Покрај Веѓата, кај Лејкерс двоцифрен број поени постигна уште само Кајл Кузма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Синер го декласира Де Монор, во полуфиналето го чека Шелтон
Јаник Синер експресно се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Најдобриот светски тенисер го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 6:3, 6:2, 6:1 за помалку од два часа игра.
Синер против Де Минор одигра речиси перфектен меч во кој на својот ривал му дозволи само една брејк топка. Од друга страна, Де Минор немаше решение за агресивната игра на Синер.
Првиот сет беше решен во петтиот гем, кога Јаник ја реализираше втората брејк топка и потоа без многу мака дојде до водство од 1:0.
Ништо не се смени и во вториот сет. Брејк во првиот гем, уште еден во петтиот и по час и 20 минути на Род Лејвер арената, Синер имаше два сета предност.
Третиот сет беше само формалност. Забележлово беше дека Де Минор полека се откажува. Синер набрзина стигна до 4:0 и лесно го заврши сетот.
Синер во петок ќе игра за место во финалето против Бен Шелтон. Американецот претходно го победи сонародникот на СИнер, Лоренцо Сонего, по речиси четири часа игра со 6:4, 7:5, 4:6, 7:6.
Синер и Шелтон досега одиграа пет натпревари и резултатот е 4:1 за Италијанецот. Американецот го доби само првиот меч во Шангајво 2023 година, а во следните четири не освои ниту еден сет против Синер.
Спорт
Гринвуд ја одјави Англија, ќе игра за Јамајка
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд во иднина ќе игра за репрезентацијата на Јамајка.
Според англиските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед има право на јамајканско државјанство бидејќи неговиот татко е роден во таа земја.
Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде репрезентацијата на Јамајка.
Гринвуд оваа сезона одигра 20 натпревари за Марсеј, постигна 13 гола и запиша четири асистенции.
Фудбалерот со англиско потекло ќе има право да и се приклучи на националниот тим на Јамајка, иако во кариерата ги минал сите младински селекции на Англија.
Спорт
Рафиња нападнат во тунелот на „Ла Луж“, интервенирала полицијата
Спектакуларнит натпревар на „Ла Луж“ во Лисабон, меѓу Бенфика и Барселона (4:5) има и трето полувреме. Во тунелот, играчот на Барселона имал блиска средба со неколку фудбалери на Бенфика. Според извештаите, на шпанските медиуми, интервенирала и полицијата.
Бенфика испушти предност од два гола 3:1 и 4:2, загубија од Барселона и веднаш по последниот судиски свиреж го оплојија судијата Дани Макели. Домашните смеаат дека судијата жестоко ги оштетил во 94.минута кога не досудил чист пенал за нив по стартот на Касадо врз Бареиро. Макели дозволи играта да продолжи, а во контранападот Рафиња го постигна голот за победа на Барселона.
Фудбалерите на Барселона бучно го прославија неочекуваниот триумф, а тоа не им се допадна на домаќините. Неколку играчи на Бенфика го нападнале Рафиња во тунелот. Шпанските медиуми јавуваат дека полицијата морала да интервенира. Рафиња го потврди судирот.
„Ме навредуваа, а јас возвратив. Да ме почитуваа, ќе ги почитував. Наместо тоа, ме навредуваа, но јас не им останав должев. Херојот на Барселона додаде: Ова е мојот најдобар натпревар. Горд сум што сум во Барса и овој тим. Би убил и би умрел за овој клуб“.
Тренерот на Бенвика, Бруно Лаж, на прес конференцијата посочи дека судијата немал ист критериум.
„Мислам дека тоа судијата направи голема грешка. Во ситуации како оваа, судиите мора да имаат слични критериуми во однос на казните. Погледнете го ова. Ако го досуди оној пенал за Барселона, мораше и за нас“.