Спорт
Лејкерси имаат нов тренер – Леброн му посака добредојде

Лос Анџелес Лејкерс го назначија Дарвин Хем за шеф на стручниот штаб. Пред еден месец Лејкерси му врачија отказ на Френк Фогел, Тренерот кој во 2020 стана шампион со „езерџиите“, во тековната сезона не успеа со тимот да избори место во плејофот.
Хем има 48 години и досега беше дел од стручниот штаб на Милвоки Бакс со кој лани го освои шампионскиот трофеј.
Ова ќе биде негово враќање во Лос Анџелес, бидејќи од 2011 до 2013 година беше асистент во Лејкерс, а работеше и во Атланта Хокс.
„Исклучително сум возбуден! Честитки и добредојде за тренерот Дарвин Хем!“, напиша на социјалните мрежи, најдобриот играч на Лејкерси, Леброн Џејмс.
Хем играше кошарка од 1996 до 2008 година. Еден е од оние играчи кои не биле избрани на драфтот. Кариерата во НБА ја започна во Денвер, потоа играше во Индијана, Вашингтон, Милвоки, Атланта и Детроит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дончиќ ја „уништи“ Хрватска, Србите поразени од Летонија!

Словенија стигна до неверојатна 97:69 победа над Хрватска во „Стожице“, предводени од НБА мега-ѕвездата Лука Дончиќ за потврдување на место на Светското првенство во 2023 година. Шоуто на Дончиќ почна во првата четвртина, која Словенците ја добија со неверојатни 32:8, а во која НБА ѕвездата имаше 11 поени, 4 асистенции и 1 скок, по што домаќините постојано ја одржуваа предноста од 20 поени за убедлива победа.
Хрватска уште има шанси за пласман на Мундијалот, ако во недела ја победи Финска, но мора и очекува победа над Словенија над Шведска. Во тој случај Хрватска и Шведска би имале 2-3 скор, но Хрватите би имале подобар меѓусебен скор.
Србија, пак, во претпоследниот меч, загуби на гости кај Летонија со 66:59, за сега со стравување да го чекаат гостувањето на Белгија во Ниш во последното коло. „Орлите“ и во првиот меч се намачија со Летонците, стигнувајќи до 101:100.
Србите имаа 31:25 воство на полувреме, пред да доживеат вистински колапс во третата четвртина, која ја загубија со 21:7. Алекса Аврамовиќ заврши со 16 поени, Вања Маринковиќ додаде 12, додека за Летоците, Артурс Куруцс имаше 13 поени.
🇱🇻 Latvia surge to the top of Group A 📈 with triumph over Serbia!
📺 Watch live games + extended highlights
➡️ https://t.co/EZ6XZQjrxP#FIBAWC | #WinForLatvia pic.twitter.com/rdlGqN9UNZ— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) June 30, 2022
*me, waiting for the 𝘵𝘰𝘰 𝘭𝘪𝘵𝘵𝘭𝘦 celebration* 🤏#FIBAWC | @kzs_si x @luka7doncic pic.twitter.com/OrPpAfd3l5
— FIBA Basketball World Cup (@FIBAWC) June 30, 2022
Спорт
Каков татко-таков син: Новак и Стефан со ист форхенд!

Официјалниот Инстаграм профил на Вимблдон направи интересна споредба на српскиот ас Новак Ѓоковиќ и неговиот седумгодишен син, Стефан, споредувајќи ги нивните форхенд удари.
„Детска игра? Изгледа дека Стефан има добар учител“, коментираа од Вимблдон.
Спорт
Надал во третото коло по паузата од еден час, Швјонтек се намачи со Керкхове

Освојувачот на 22 гренд слем титули, Рафаел Надал го продолжува „патот“ на Вимблдон, откако ниту паузата од еден час за кревање на покривот на „Централниот терен“ во Лондон не му попречи да ја комплетира 6:4/6:4/4:6/6:3 победа над Литванецот Рикардас Беранкис.
Шпанскиот ас правеше премногу некарактеристични грешки во текот на мечот против светскиот тенисер број 106., кој му направи многу проблеми во вториот и трет сет. Кога беше на чекор до победа со 3:0 водство во четвртиот сет, на Надал му попречи лондонскиот дожд, кој предизвика необично долга пауза од еден час за поставување на покривот.
Светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек, пак, се намачи за да стигне до 6:4/4:6/6:3 победа над Лесли Патинама Керкхове, за продолжување на рекордот на 37 победи едноподруго. Полјачката нема загубено од февруари, период во кој освои шест титули, вклучувајќи ја и круната од Ролан Гарос.
Иако во 2018 година беше јуниорска шампионка на Вимблдон, Швјонтек го нема поминато четвртото коло во сениорска конкренција. 138-рангираната Патинама Керкхове пристојно ја намачи фаворитката, откако беше израмнета до 4:3 во последниот сет.
Поранешната светска тенисерка број 1 и ексшампионка, Романката Симона Халеп исто така имаше тежок меч, победувајќи ја Кристен Флипкенс со 7:5/6:4. Халеп веднаш загуби на свој сервис, и губеше со 5:2 во првиот сет, пред да направи фантастичен камбек, а и во вториот сет, Флипкенс поведе со 3:0, пред Романката да се врати и да го комплетира мечот.
Домашната фаворитка, Кејт Бултер стигна до својата најголема победа во кариерата, совладувајќи ја поранешната финалистка од Вимблдон, Чехинката Каролина Плишкова со 3:6/7:6(4)/6:4.