Спорт
Лејкерси се извлекоа од бездната па се посрамотија во продолжението, Јанис го доби дуелот со Дончиќ
Драматичните натпревари во Милвоки и Филадлефија ја обележаа ноќта во НБА лигата. Милвоки Бакс славеа во дуелот со Далас Маверикс 110:105,ма Филаделфија во дополнителните пет мнути ги совлада ЛА Лејкерс со 133:122.
Неверојатна драма го обележа натпреварот во Филаделфија. Домшаните кошаркари имаа предност од 119:110 на 30 секунди до крајот. Лејкерси успеаја да ја стигнат предноста, а Дејвис на 3,7 секунди пофгоди едно од двете слободни фрлања и натпреварот влезе во дополнителните пет минути.
Во екстра периодот, Лејкерси потонаа, ги промашија првите девет обиди, а Филаделфија со серија 12:0 го реши победникот.
Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 38 поени, 12 скока и пет асистенции, а го најдобриот меч во кариерата го одигра (Де’Ентони Мелтон (33 поени и седум украдени топки). Џејмс Харден додаде 28 поени со 12 асистенции, што му беше доволно да стане само четвртиот кошаркар во историјата на НБА со 23.000 поени и 6.500 асистенции. Останатите тројца се Леброн Џејмс, Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.
Ентони Дејвис со 31 поен и 12 скока беше најдобар кај Лејкерси. Леброн Џејмс додаде 23 а Остин Ривс имаше 25 поени. Вестбрук оствари трипл-дабл од 12 поени и по 11 скока и асистенции.
Во Милвоки, на 7,8 секунди до крајот ветеранот Брук Лопес ја заби топката во кошот по додавањето од Џорџ Хил за победа на Бакс над Далас Маверикс 106:105.
Последниот напад на Далас не успеа да го реализира Лука Дончиќ. Словенецот мечот го заврши со 33 поени, 11 асистенции и шест скока.Јанис Адетокумбо се истакна кај Милвоки со 28 поени и 10 скока.
Резултати:
Шарлот – Њујорк 102:121
Индијана – Вашингтон 121:11
Орландо – Торонто 113:109
Бруклин – Атланта 120:116
Кливленд – Сакраменто 95:106
Филаделфија – ЛА Лејкерс 133:122
Мемфис – Детроит 114:103
Њу Орлеанс – Феникс 128:117
Јута – Минесота 108:118
Далас – Милвоки 105:106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Скандал во Подгорица – голманот на Будуќности нокаутира соиграч
Будуќност и Сутјеска ремизираа 2:2 во најголемото црногорско дерби. Натпреварот остана во сенка на инцидентот што се случи неколку минути по последниот свиреж на судијатај.
Играчите на Будуќност, по завршувањето на натпреварот застанаа пред северната трибина, беа на рапорт кај навивачите кои од нив побараа да ги соблечат дресовите.
Тогаш голманот Ѓорѓије Павличиќ го нокаутираше соиграчот Игор Ивановиќ.
Павличиќ потоа замина во соблекувалната.
Инаку, Будуќност е втор на табелата со 55 бодови, а Сутјеска е трета со два бода помалку. Дечиќ на четири кола пред крајот на првенството има три бода повеќе и подобар меѓусебен скор во однос на Будуќност.
Спорт
(Видео) Атлетико ја доби битката за Лигата на шампионите
Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен го победија Атлетик Билбао со 3:1 во 33.коло на Ла Лига.
Дербиот на „Цивитас Метрополитано“ беше директна борба за последното место кое води во Лигата на шампионите, следната сезона, а до кое сега се поблиску „јорганџиите“.
Родриго Де Пол им донесе предност на домашните по 15 минути игра. Но првото полувреме мина во сенка на расистичкиот инцидент. Некој од трибините го навреди Нико Вилијамс, поради што натпреварот кратко беше прекинат.
Неколку минуит подцна, помладиот од браќата Вилиујамс го постигна израмнувачкиот гол. На голот му претходеше катастрофалната грешка на Гризмам.
Во продолжението, Анхел Кореа во 52.минута му ја пврати предноста на Атлетико. Аргентинецот погоди по брилијантната аситенција на Коке.
Од тој момент гостите ја презедоа иницијативата, но не успеаја да направат ништо сериозно пред голот на Облак.
Конечниот резултат беше поставен во 80.минута, по ударот на Лино топката од стативата се одби од раката на голманот Симон и заврши во голот.
Атлетико сега има шест бода повеќе од ривалот од Баскија.
Во следното коло двете екипи заминуваат на гости. Атлетико во Мајорка, а Билбао повотрно ќе допатува во Мадрид на дуел со Хетафе.
Спорт
(Видео) Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута
Астон Вила и Челси ремизираа 2:2 во 35.коло во Премиер лигата. Вила имаше предност од 2:0, Челси се врати во вториот дел, а целосен пресврт не дозволи ВАР и судијата Крег Полсон.
Астон Вила ги надигра гостите од Лондон во првото полувреме и на паузата замина со предност од два гола. Марк Кукуреља во четвртата минута си постигна авто-гол, а Роџерс во 42. зголеми на 2:0.
Челзи не делуваше добро на теренот се до 62.минута кога Нони Мадуеке успеа да го намали резултатот.
Гостите израмнија во 81. минута, кога Конор Галагер, кој асистираше за првиот гол, брилијантно го погоди во подалечниот агол на Робин Олсен, кој влезе во игра на местото на Емилијан Мартинез.
До крајот на мечот Оли Воткинс имаше добра шанса пред голот на Петровиќ, но не беше прецизен.
Аксел Дисаси ја погоди мрежата на Олсон во 96.минута, но голот беше поништен по интервенцијата на ВАР, поради наводниот фаул на Беноа Бадијашил, кој асистираше за голот.
Вила остана на четвртото место на табелата со 67 бодови, седум повеќе од Тотенхем кој има дури три натпревари помалку.
Челзи е на деветтата позиција со 48 бодови, со само теоретски шанси да се вклучи во борбата за шестото место кое носи пласман во Конференциската лига.