Спорт
Лекарот на Марадона ја направил клучната грешка?

Три дена по смртта на славниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, во јавноста се појави информација дека голем пропуст направил личниот доктор на поранешниот фудбалер, Леополд Луке.
Адвокатот на Марадона, ден по смртта на фудбалерот, на Твитер побара истрага и одговорност за лекатите од Итната помош. Според него тие задоцниче половина час.
Аргентинските медиуми пишуваат дека личниот лекар на Марадона, кога се јавил во Итната помош, не кажал на кого му е потребна лекарска помош.
„Дали можете да испратите амбулантно возило во квартот Сан Андрес?“, рекол Луке. Тој само навел дека медицинска помош му е потребна на лице со срцеви проблеми кое е на возраст од 60 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ејтон во Лејкерси
Фото/ EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN
Деандре Ејтон се согласи на трансфер во Лос Анџелес Лејкерс три недели пред неговиот 27-ми роденден и три дена откако беше ослободен од договорот со Портланд Треил Блејзерс.
Ејтон, потпиша две годишен договор, а следната сезона ќе заработи 34 милиони долари.
Лејкерси го пронајдоа својот стартен центар во Ејтон, првиот избор на драфтот во 2018 година, кој е единствениот играч во историјата на НБА кој во просек постигнувал 15+ поени и имал шут од над 60 отсто во плејофот.
Тој има просек од 16,4 поени и 10,5 скока со 59 отсто шут во последните седум сезони.
Ејтон беше прв пик ма драфтот во 2018 година. На овој драфт Дончиќ беше избран како трет пик.
Спорт
Имобиле се врати во Серија А

Фото/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Искусниот италијански напаѓач Чиро Имобиле (35) се враќа во Серија А.
Неговиот нов клуб е Болоња, тврди најпознатиот трансфер инсајдер Фабрицио Романо.
Имобиле ја помина претходната сезона во Бешикташ, одигра 30 натпревари и постигна 15 голови, потврдувајќи ја својата класа, но еден повик од неговата татковина го направи своето.
Чиро е играчот со најмногу титули „крал на стрелци“ во италијанското првенство, тој дури четири пати беше „Капоканониере“ на Серија А, еднаш во дресот на Торино, три пати како играч на Лацио.
Според Романо, тој ќе потпише едногодишен договор со Болоња со можност за продолжување за уште една сезона. Истиот извор претходно објави дека поранешниот играч на Јувентус, Федерико Бернардески, ќе се приклучи на Болоња ова лето.
Спорт
„Леброн е фрустриран поради Дончиќ“

Фото/ EPA-EFE/ALLISON DINNER
Американските медиуми шпекулираат дека работите се хаотични во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс и дека Леброн Џејмс е фрустриран од Лука Дончиќ.
Според американскиот „Јаху“ и нивниот НБА инсајдер Џон Гамбадоро, ситуацијата во соблекувалната на Лос Анџелес Лејкерс не е баш најдобра и наводно има тензии.
Иако сè изгледа фантастично на паркетот, тој наведува дека нема добра хемија помеѓу Лука Дончиќ од една и Леброн Џејмс и Остин Ривс од друга страна.
„Леброн е фрустриран затоа што не сака да игра со Лука. Ривс не сака да игра со Лука. Не сака да ја добие топката две секунди пред крајот на нападот. Лејкерс дефинитивно треба да изградат тим околу Лука, а не околу Леброн. Сега ова е тим на Дончиќ. И двајцата ќе се вратат по летната пауза, но мора да се биде внимателен“, рече Гамбадоро.
Оваа информација е изненадувачка за многумина, но многумина ќе разберат дека на Леброн не му се допаѓа што Дончиќ е новото лице на франшизата и дека е навикнат да биде на местото на Лука.
Гамбадоро, исто така, праша дали Леброн има тешкотии со реалноста да го дели целото тоа внимание за прв пат во својата кариера и апострофираше дека Џејмс го фали Дончиќ и е единствениот соиграч кого не го критикувал.
Погледот на бројките на Ривс дава поинаква перспектива за нивниот однос. Во натпреварите без Лука минатата сезона, Ривс имаше просек од солидни 19,8 поени, 6,3 асистенции, 4,3 скока, 1,3 украдени топки, шутирајќи 45% од поле и 36,2% за три поени.
Кога играше покрај Лука, Ривс всушност ја зголеми својата продуктивност, постигнувајќи просек од 21 поен, 4,8 скока, 4,8 асистенции, додека шутираше подобро со 47,9% од поле и 40,2% за три поени.
Досега, доаѓањето на Дончиќ не му наштети на Ривс во офанзива. Напротив, се чини дека ја зголеми неговата ефикасност и бројот на поени. Поголемиот проблем кога двајцата беа заедно на теренот беше одбраната.
И Дончиќ и Ривс беа мета на противничките играчи, особено на Минесота Тимбервулвс во првото коло од плејофот, што придонесе елиминацијата на Лејкерси по пет натпревари.