Спорт
Леклер најбрз во Џеда и покрај судирот, возачите добија уверување дека се безбедни

Шарл Леклер потврди дека Ферари се наоѓа во супериорна форма со најдоброто време на вториот тренинг пред саудиското ГП во Џеда и покрај тоа што имаше допир со ѕидот на патеката, а стартот на тренингот доцнеше 15 минути, во кои возачите добија уверување дека се безбедни по наводниот терористички напад на складиште на нивниот главен спонзор „Арамко“ на десетина километри од патеката.
Леклер постави најбрз круг од 1:30.074, за 0.140 секунди побрзо од шампионот Макс Ферстапен во Ред бул, по уверувањата на неговиот тим дека проблемите од првата трка во Бахреин се надминати. Третото место го освои вториот возач на Ферари, Карлос Саинс Јуниор, а топ-4 го комплетира и вториот Ред бул на Серхио Перез.
Мерцедес повторно беа за речиси половина секунда побавни со Луис Хамилтон на петтото место пред неговиот нов колега Џорџ Расел, а Мекларен, по мизеријата во Бахреин, каде што беа набавни, се охрабрени со седмото место на Лендо Норис пред Естебан Окон (Алпине), Валтери Ботас (Алфа Ромео) и Јуки Цунода (Алфа Таури).
FP2 Classification (60/60 mins)
Leclerc goes quickest, Verstappen not far behind#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/wbexNoEn49
— Formula 1 (@F1) March 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ го победи новиот пулен на Вајда, Зверев спасуваше меч топка во Париз

Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ стигна до 6:2/6:3/7:6(4) победа над светскиот број 38., Словакот Алекс Молчан, новиот пулен на неговиот долгогодишен тренер, Маријан Вајда.
Мечот беше одбележан со првиот меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Вајда, кој сега ја води кариерата на младиот словачки тенисер, Молчан, но Србинот немаше проблеми на „Сузан Ленглен“, не дозволувајќи ниту една брејк-топка до средината на последниот сет, кога беше предоцна Молчан да се врати.
Следен противник за Србинот е Словенецот Аљаш Бедене, кој претходно во четири сета го совлада Уругваецот Пабло Куевас.
Ако Ѓоковиќ немаше проблеми, тоа не може да се каже за светскиот број 3, Александер Зверев, кој спасуваше меч-топка против Аргентинецот Себастијан Баез во второто коло. Откако ги загуби првите два сета, Германецот успеа да направи камбек и да стигне до импресивна 2:6/4:6/6:1/6:2/7:5 победа.
21-годишниот Баез имаше фантастичен старт на мечот, правејќи брејк во првиот гем, за да го освои со 6:2, по што поведе со 4:0 во вториот сет за фантастична предност. Меѓутоа, потоа искуството го направи своето – Германецот ги освои следните два сета за во одлучувачкиот сет Баез да поведе со 5:4, пред Зверев да го комплетира пресвртот.
„Му кажав на Себастијан дека ова е најлошото чувство кое ќе го има на тенискиот терен. Знам како се чувствува бидејќи јас загубив во финалето на САД опен со два сета предност. Но, следната година го освоив олимпиското злато и АТП финалето. Тој е фантастично момче и ќе направи големи работи во овој спорт“, изјави Зверев.
Спорт
Кеси потврди: Совршен начин да се збогуваш со Милан е со скудето

Франк Кеси потврди дека си заминува од Милан како слободен агент, посочувајќи дека „најдобар начин да се збогуваш“ е со скудето, пред најавениот трансфер во Барселона.
Фудбалерот од средниот ред од Брегот на Слоноват Коска не се договори за обновување на договорот со „росонерите“ и од 30 јуни е слободен агент.
„Ова беа пет многу важни години во кои навистина се посветив на проектот. Среќен сум за градот, за клубот, за фановите, за тренерот, но и за мене и за моето семејство. Ова е последен месец од мојот договор тука, но во овие пет години успеавме да се вратиме во Лигата на шампионите и да го освоиме скудетото. Го направив тоа за што дојдов тука и ова е најдобар начин да се збогуваме“, вели Кеси.
25-годишниот Кеси цела своја кариера ја помина во Италија, откако во 2015 година пристигна во младинската академија на Аталанта, по што беше позајмен во Чезена, пред во 2017 да направи трансфер во Милан за 32 милиони евра. Оваа сезона тој постигна 6 гола во 31 настап во Серија А, вклучувајќи ги последниот гол при 0:3 победата кај Сасуоло со кој се запечати титулата.
Спорт
Трагедија на трка во Италија – велосипедист усмрти човек! (вознемирувачко видео)

Велосипедската трка Трофео Кастелфидардо во Италија заврши со трагедија во неделата, откако спортскиот директор на тимот Вирис Вигевано, Стефано Мартолини почина откако беше удрен од 23-годишниот велосипедист Никола Венкјарути (Ворк сервис).
Венкјарути ја загубил контролата на велосипедот на 400 метри пред крајот кога се удри со брзина од околу 60 км/ч во Мартолини, кој ја следел трката на тротоарот. 41-годишниот Мартолини паднл на раката и починал веднаш, додека Венкјарути завршил во болница со скршен ‘рбет.