Спорт
Ленс Строл ќе се трка во Бахреин со скршен зглоб на раката
Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл ќе се трка на првата трка од новата Ф1 сезона во Бахреин овој викенд со шипка во скршениот зглоб по падот од велосипед на тренинзи.
Строл го пропушти зимскиот тест на истата патека Сакир, но од тимот потврдија дека ќе се трка овој викенд. Одговарајќи на шпекулациите дека ги скршил двата зглоба на раката, тој потврди дека имал опрерација на едниот зглоб, но дека другиот само му бил исчашен.
„Се чувствувам добро. Моравме да побрзаме последните 12 дена од несреќата за да бидам тука, но се чувствувам добро и силно. Нема да има проблеми“, вели Строл.
Прогнозите велат дека Астон Мартин, инаку во сопственост на таткото на Строл, канадскиот милијардер Лоренс Строл, имаат силен болид и дека се четврти најбрзи пред елитното трио Ред бул, Ферари и Мерцедес.
„Да, болидот изгледа фантастично и сите едвај чекаме да почнеме“, вели Строл, кој оваа година ќе вози покрај двократниот светски шампион, ветеранот Фернандо Алонсо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал со два корнери го „скрши“ Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед (2:0) во дербито од 14. коло на Премиер лигата.
„Топџиите“ до триумфот стигнаа по два корнери. Најпрвин погоди Јуријен Тимбер во 54. минута, а потоа и Вилијам Салиба во 73. минута.
Екипата на Микел Артета го дели второто место со градскиот ривал Челси. Двата тима имаат по 28 бодови, седум помалку од лидерот Ливерпул.
Јунајтед падна на 11. позиција која ја држи со 19 бодови, а ова е прв пораз на Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“.
Инаку, Арсенал и Јунајтед на 11.јануари ќе играат на исто место но во ФА Купот. Јунајтед во следното коло ќе го пречека Нотингем Форест, додека Арсенал ќе му гостува на Фулам.
Спорт
(Видео) Мбапе промаши пенал, Реал загуби во Билбао
Реал Мадрид го доживеа вториот пораз сезонава во Примера. Вечерва на „Сан Мамес“ во Билбао, Атлетик го победи Реал со 2:1. На поразот на Реал му кумуваа Килијан Мбапе кој промаши пенал во 68.минута, кога Алтеитко имаше водство 1:0 и Феде Валверде кој им го подари вториот гол на домаќините.
Атлетик Билбао цела деценија чекаше на победа против Реал на домашен терен. Тоа се случи вечерва, со што Баските потврдија дека се во добра форма, во сите натпреварувања на последните 10 натпревари имаат седум победи.
Атлетик до предност дојде во 53.минута, Ињаки Вилијамс нафрли, Куртоа лошо ја одби топката, точно на ногата на Беренгер, кој од половина метар ја испрати во голот.
Во 68.минута, Реал доби пенал, топката ја заеде Мбапе, а неговиот удар го одбрани Агирезабала. Ова е втор промашен пенал на Мбапе во низа, откако не погоди и против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Белингем успеа да го израмни резултатот, англискиот репезентативец ја погоди мрежата на Атлетико десет минути откако Мбапе промаши од белата точка и тогаш се чинеше дека обезбеди барем реми за Реал Мадрид.
Но следуваше нов шок за Реал, кикс на Валверде и нова шлаканица за тимот на Карло Анчелоти. Уругваецот не виде дека има човек зад грбот кога враќаше една топка назад, акцијата ја следеше Гурузета кој лесно го совлада Куртоа.
Спорт
(Видео) Само бод за Ливерпул во Њукасл, Де Бријне се врати Манчестер сити победи
Њукасл успеа да ја запре серијата победи на Ливерпул, во исто време Манчестер сити ја прекина својата лоша низа. Вечерва дбрата форма ја потврдија фудбалерите на челси и Евертон.
На „Сент Џејмс парк“, Њукасл два пати водеше против лидерот, кој успеа да го преземе водството во 83.минута, но Шер во последната минута спаси бод за „страчките“.
Алкесандер Исак погоди во 35.минута, откако се ослободи од Ван Дајк, а потоа со прекрасен удар го совлада Келехер. Ливерпул изедначи во 50.минута преку Џонс, а 12 минути подцна Гордон му ја врати предноста на Њукасл. Потоа на сцена стапи Салах со два гола во 68. и 83.минута за целосен пресврт на Ливерпул.
Сепак, во 90. минута Келехер прави голема грешка, погрешно го процени летот на топката по центаршутот на Бруно Гимареш, а дефанзивецот Шер на втората статива го постави конечниот резултат – 3:3.
Се врати Кевин Де Брујне и ја врати насмевката на лицето на Пеп Гвардиола. Белгиецот за прв пат од средината на септември беше стартер во Премиер лигата и со капитенската лента ги предводеше „граѓаните“ до првата победа по седум последователни натпревари без победа, во таа серија Сити загуби четири натпревари во Премиер лигата.
Манчестер Сити го победи Нотингем Форест на „Етихад“ со 3:0.
Бернардо Силва го отвори резултатото во осмата минута, Де Брујне зоглеми на 2:0 во 31., а точка на натпреварот стави Доку во 57.минута.
Челси убедливо славеше во Саутемптон со 5:1, а Евертон го прегази Вулверхемптон со 4:0.