Спорт
Лестер се враќа во Премиер лигата
Фудбалерите на Лестер се вратија во Премиер лига. „Лисиците“ во елитата ги врати поразот на нивниот конкурент Лидс кај Квинс Парк Ренџерс (0:4).
Лестер со 94 бода и до крајот треба да одигра уште два натпревари, додека Лидс има 90 бода и уште еден натпревар до крајот на сезоната. Ма третото место се наоѓа Ипсвиќ со 89 поени и до крајот на сезоната треба да одигра уште ри натпревари.
За Лестер е најважно што обезбеди едно од првите две места кои обезбедуваа директно место во Премиер лигата.
По поразот од Квинс Парк Ренџерс, второто место, кое гарантира директен влез во Премиер лигата, опасно му виси на Лидс, бидејќи му се заканува третопласираниот Ипсвич, кој има 89 бодови и натпревар помалку.
Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година сензационално беше шампион на Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА
Кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ е најкорисен играч во НБА за сезоната 2023/2024. Јокиќ доби 926 гласови (79 први места), второто место го зазеде Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер со 640, а трет беше Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 566.
Јокиќ трет пат во последните четири сезони ја освои наградата за МВП, додека минатата година, според многумина незаслужено, трофејот „Мајкл Џордан“ му припадна на Џоел Ембиид од Филаделфија.
Центарот на актуелниот НБА шампион е прогласен за најдобар играч на финалната серија минатата сезона.
29-годишниот играч оваа сезона блеска и во лигашкиот дел од натпреварувањето имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и девет асистенции.
Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон имаат по три МВП титули, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс имаат една повеќе, Бил Расел и Мајкл Џордан освоија по пет, додека Карим Абдул Џабар е неприкосновен со седум.
Спорт
(Видео) Дали е Баерн оштетен во последните секунди од натпреварот?
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Лигата на шампионите каде на 1.јуни за титулата ќе се борат со Борусија Дортмунд.
Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал повторно режираше нестварен пресврт и со головите на Хоселу во 88. и 91.минута го победи Баерн со 2:1.
Сепак, сенка на феноменалното полуфинале фрли помошникот на Симон Марчињак, Томаш Листкиевич, кој во последната минута од судиското надополнување реши да го прекине нападот на Баварците поради дискутабилен офсајд.
Во последните секунди Де Лихт погоди по додавањето на Милер, но помошникот во ситуацојата која беше „тесна“ реши да го крене знамецето.
Протоколот предвидува линискиот судија да ја остави акцијата да заврши, за доколку е постигнат гол, подоцна со помош на ВАР да се утврди дали голот бил регуларен или не.
Овде судијата не го направи тоа, па фудбалерите на Баерн, но и тренерот Томас Тухел целосно ги загубија нервите.
Спорт
Олимпијакос е последниот патник на завршниот турнир – Грците ја добија мајсторката во Барселона
Кошаркарите на Олимпијакос ја совладаа Барселона, во мајсторката одиграна во Каталонија со 63:59 и се пласираа на завршниот турнир во Евролигата, кој ќе се одржи од 24-26. ќе се одржи во Берлин во мај.
Грчкиот тим, кој вторпат победи на гостински терен во четвртфиналната серија со Барса, на тој начин им се придружи на Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче кои претходно се пласираа во Берлин.
Избраниците на Јоргос Баркокас трета година по ред се пласираа на завршниот турнир во Евролигата.
Претходната година беа поразени во финалето од Реал, а годината претходно беа елиминирани во полуфиналето од Анадолу Ефес кој подцна ја освои титулата.
Ривал на Олимпијакос во полуфиналето ќе биде Реал и тоа ќе биде реприза на финалето од минатата сезона од Каунас.
Вечерва во Блауграна, двата тима одиграа исклучително тврд и дисциплиниран натпревар во кој доминираа одбраните.
Олимпијакос во сердишницата од решевачката четвртина со серија поени и добра одбрана со која ги затворија сите патишта до нивниот обрач направија клучен исчекор кон победата.
Серијата од 8:0 во тој налет се покажа како клучна.
Две тројки постигнаа гостите во тој интервал, по една Мекисик и Папаниколау.
Барса, не се предаде, а пропушти одлична можност да го израмни резултатот кога Грците водеа со 57:54. Потоа Абрињес го повлече нападот, но Мекисик му ја „украде“ топката за во продолжение Милутинов да остане сам во рекетото на противникот и со забицвање да ја запечати победата на Олимпијакос.
Српскиот центар го заврши мечот со 10 поени (4/5 за два, 2/4 слободни фрлања), 10 скокови, две асистенции и блокада за убедливо највисок индекс на корисност 26 за 25 минути на теренот, Мекисик постигна 12. (2/4 за три), Папаниколау 11 (3/6 за три).
Само Лапровитола со 17 (3/8 за два, 2/7 за три) со седум скока и четир асистенции и Алекс Абринес со 13 поени (3/3 за два, 2/5 за три) во Барселона постигнаа двоцифрен број на поени.