Спорт
Летгет: Тешко е да играш против Златан, но многу потешко е да си му соиграч
Фудбалерот од средниот ред на Лос Анџелес галаски, Себастијан Летгет не жали што Златан Ибрахимовиќ си заминал од неговиот клуб, велејќи дека сега се подобар тим и дека било фрустрирачки да се игра со шведскиот напаѓач.
38-годишниот Ибрахимовиќ помина две сезони во МЛС лигата, пред во јануари да се врати во Милан, и во 58 меча за американскиот клуб имаше 53 голови, но Летгет вели дека не било убаво да се игра покрај него.
„Без него има подобра атмосфера во тимот, тоа е сигурно. Хемијата меѓу играчите? Ќе дојде и тоа. Со него не можевте да бидете слободни на теренот и беше супер-фрустрирачки. Понекогаш ми доаѓаше да ги соблечам копачките и да си заминам од теренот. Тешко е да се игра против него, но уште потешко е да се игра со него“, вели Аргентинецот.
Во еден интересен момент, во дуелот со ривалите ЛАФЦ, при 3:3 резултат на само шест минути пред крајот, Ибрахимовиќ и Летгет стоеја во живиот ѕид, кога Швеѓанецот го истурка соиграчот.
„Навистина е лудост да се направи тоа на соиграч, вистинска лудост. Му кажував: ’овој е сам, да одам’, и тој ми вели ’стој тука’. Потоа пред да се изведе слободниот удар, тој ме турка! Тоа е моментот кога го покажува вистинското лице“, додава Летгет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Шумарите“ од Нотингем среде „Енфилд“ го декласираа Ливерпул
Фудбалерите на Нотингем Форест ја продлабочија кризата на Ливерпул, славеа на „Енфилд“ со 3:0. „Шумарите“ и минатата сезона победија во Ливерпул, а со оваа триумф прв пат во историјата врзаа три натпревари без пораз против „црвените“. Форест со овој триумф избегаа од опасната зона, а Ливерпул по шестиот пораз во сезоната, падна на 10-то место на табелата.
Првите половина час од натпреварот не навестуваа дека Ливерпул ќе доживее дебакл. Напааѓаа играчите на Арне Слот, Мекалистер не реализира добра шанса, кога во последен момент Андерсон интервенираше пред гол-линијата, изведоа шест корнери, но не можеа да го пробијат блокот на противничката одбрана, во која блескаа Мурило и Миленковиќ.
Првиот шок играчите на Ливерпул го доживеаја во 33-та минута, по првиот корнер, кога Мурило осната сам на 10 метри и ја закова топката во голот. Игор Жесус постигна гол во финишот на полувремео, но беше поништен поради играње со рака.
Вториот шок на „Енфилд“ се случи на стартот од вториот дел, кога Алисон беше совладан од Савона.
Точка на беспрекорната престава на Нотингем Форест стави Гибс-Вајт во 78-та минута.
Премиер лига, 12-то коло
Сабота:
Барнли – Челзи (0:1)
/Нето 37, Фернандес 88/
Фулам – Сандерленд 1:0 (0:0)
/Хименез 84/
Брајтон – Брентфорд 2:1 (0:1)
/Велбек 71, Хинселвуд 84 – Тијаго 29п/
Борнмут – Вест Хем 2:2 (0:2)
/Таверније 69п, Унал 81 – Вилсон 11, 35/
Вулверхемптон – Кристал Палас 0:2 (0:0)
/Муњоз 63, Пино 66/
Спорт
ФИБА ги одреди организаторите на младинските Европски првенства за 2026 година
На седницата на Бордот, во Букурешт, потврдени номинациите за домаќините на наредните шампионати
Селекцијата на Македонија за кошаркари „Под 18“ години ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24.јули до 2.август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и во Опатија, додека нашиот младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10.до 19.јули. ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 20“ години.
Нашата машка кадетска репрезентација ќе биде дел од Дивизијата „Б“ на шампионатот кој ќе се игра во периодот од 6.до 15.август, наредната година (местото дополнително ќе биде потврдено).
Наредната 2026 година, женскиот младински репрезентaтивен сегмент ќе го претставува нашата селекција „Под 18“ години.
А Бордот на ФИБА Европа одлучи како домаќин на шампионатот од Дивизијата „Б“ да биде Романија, чија федерација во наредниот период треба да одлучи дали првенството ќе се игра во Плоешти или во Тулчеа, во период од 31.јули до 9.август.

Спорт
(Видео) Челзи победи во Барнли, блескаше Педро Нето
Фудбалерите на Челзи, славеа во Барнли (2:0), во првиот натпревар од 12-то коло во Премиер лигата. „Сините“ славеа победа со головите на Педро Нето и Енцо Фернандес. Челзи, по некомплетното коло, скокна на второто место со 23 бода, Барнли остана на 17-та позиција со 10 поени.
Во отсуство на Кол Палмер, Челзи го предводеше Португалецот Нето. Тој беше двигателот на сите акции на „сините“. Го постигна првиот гол во 37-та минута, по акција која тој ја започна, а потоа добро реагираше со глава по центаршутот на Гитенс.
Португалецот можеше да стави точка во средишницата на вториот дел, но неговиот удар заврши во стативата.
Победата на Члези ја потврди, Енцо Фернандез во 88-та минута, откако добро ја испрати кацијата на Марк Гиу.

