Спорт
Левандовски ќе ја предводи Полска на СП во Катар
Роберт Левандовски е предводникот на фудбалската репрезентација на Полска на Светското првенство во Катар. Селекторот Чеслав Михњевич го објави списокот на играчи за Мундијалот и на него нема посебни изненадувања.
Покрај првата ѕвезда на селекцијата, тука се и искусните Камил Гросицки и Пјотр Зиелински кои ќе диригираат со средниот ред на тимот.
Полјаците ќе се обидат да стигнат до нокаут фазата на натпреварувањето, бидејќи имаат група во која тоа е навистина возможно. Ќе се соочат со Аргентина, Иран и со Мексико и се чини дека ќе имаат клучна битка со Мексиканците.
На списокот на Полска се најдоа следните имиња:
Голмани: Војчех Шчесни (Јувентус), Вартоломеј Дронговски (Специја), Лукас Скорупски (Болоња)
Одбрана: Мети Кеш (Астон Вила), Бартос Берешински (Сампдорија), Камил Глик (Беневенто), Јан Беднарек (Астон Вила), Јакуб Кивјор (Специја), Матеуш Виетеска (Клермон), Никола Залевски (Рома), Роберт Гамни (Аугсбург). Артур Анджејчик (Легија)
Среден ред: Кристијан Бјелик (Бирмингем), Пшемислав Франковски (Ленс), Јакуб Камински (Волфсбург), Камил Гросицки (Погон), Гжегож Кричовиак (Ал Шабааб), Михал Скурас (Лех), Себастијан Шимански (Феенорд), Пјотр Зиаполин , Шимон Журковски (Фиорентина), Дамјан Шимански (АЕК)
Напад: Роберт Левандовски (Барселона), Аркадиуш Милик (Јувентус), Кшиштоф Пјонтек (Салернитана), Карол Свидерски (Шарлот).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

