Спорт
Левандовски од синоќа во друштво на легендарните Пушкаш и Ди Стефано
Барселона синоќа го „скрши“ Реал во Мадрид, а во друштво на великаните на тој меч влезе и каталонскиот напаѓач Роберт Левандовски.
Полјакот беше двоен стрелец во триумфот од 4:0, па стана третиот најстар играч кој двапати постигнал гол на „Ел Класико“.
Левандовски тоа го направи на 36 години.
Пред него се легендарните асови на Реал – Ференц Пушкаш кој постигна два гола против Барса и Алфредо ди Стефано на 36 години,
Барселона по синоќешната победа е на првото место на табелата Ла Лига и има 30 бодови од 11 кола, што е шест повеќе од Реал кој е бранител на титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нагелсман доби нов договор
Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Нагелсман имаше договор до крајот на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
„Сите ние, навивачите, тимот и стручниот штаб, создадовме нешто што сега сакам заедно успешно да го развиваме. Сакаме заедно да освојуваме титули“, рече Нагелсман.
Поранешниот тренер на Хофенхајм и Баерн Минхен ја презеде германската репрезентација во септември 2023 година и тогаш се наведуваше дека ќе го води тимот само на Европското првенство во Германија минатото лето, но набрзо соработката беше продолжена.
Со Германија стигна до четвртфиналето на Европското првенство, во кое селекцијата загуби со 1:2 по продолженијата од Шпанија, која подоцна ја освои титулата.
Спорт
Ваучери од 200 евра за најдобрите работници на „Sport Life“
„Sport Life“ обложувалници, четврта година по ред го организираа настанот на кој ги наградија своите најуспешни вработени. За нивните достигнувања и за професионалното ангажирање во текот на 2024 година, 70 вработени добија ваучери во вредност од 12.000 денари, коишто можат да ги искористат за одмор, патувања, шопинг во бројни трговски центри и за други услуги.
Наградените вработени беа избрани според јасно дефинирани критериуми, кои ги вклучуваа нивните резултати во различни сегменти на работниот процес во текот на годината, како и нивниот стаж и искуство во „Sport Life“.
„Грижата за вработените и развојот на тимскиот дух во „Sport Life“ е наша приоритетна цел, и таа се одвива во текот на целата година. На крајот на годината само ги сумиравме резултатите и заеднички го прославивме успехот.“, велат од „Sport Life“.
„Sport Life“ е лидер во областа на спортските обложувалници и игрите на среќа, со повеќе од две децении искуство на пазарот. Компанијата континуирано инвестира во својот тим преку обуки, тренинзи и стипендии за образование. За постигнување на високи резултати, вработените добиваат редовни бонуси и награди, како и можности за кариерен напредок.
(ПР)
Спорт
Прв милионски трансфер во женскиот фудбал
Наоми Гирма, фудбалерка од САД, се сели од Сан Диего Вејв во Челзи за рекордна сума за трансфер во женскиот фудбал. Челси плати обесштетување од 1,1 милиони долари.
Дваесет и четиригодишната Гирма важи за еден од најдобрите во светот, а сега ќе премине во редовите на повеќекратниот англиски шампион.
Сан Диего Вејв ја избра Гирма како прв пик на драфтот во 2022 година (имаат ист систем во фудбалот како и во другите спортови).
На крајот од сезоната беше избрана за дефанзивец на годината, како дебитант. На крајот на следната година доби тригодишен договор и беше меѓу првите фудбалерки на кои им беше понуден долгорочен договор.
Таа беше избрана и за фудбалерка на годината во САД.
Сега има можност да се докаже во најконкурентната женска лига во Европа.