Спорт
Левандовски влезе во клубот 500, нова победа на Баерн

Роберт Левандовски стана четвртиот активен фудбалер со 500 постигнати голови покрај Златан Ибрахимовиќ, Кристијано Роналдо и Лео Меси, откако уште еднаш беше стрелец за Баерн при 0:4 победата на гости кај „фенерџијата“ Шалке.
Левандовски сега има апсолутно неверојатни 23 гола во 18 кола во Бундеслигата, и стана првиот фудбалер во историјата на германската лига кој постигнал гол на осум последователни гостувања.
Томас Милер го отвори резултатот на „Велтинс арената“ во 33. минута, по што Левандовски стрелаше во 54. минута за осигурување на победата, пред Милер (88.) и Давид Алаба (90.) да го комплетираат убедливиот триумф на Баварците. Баерн е прв со 42 поени, сега дури 7 пред РБ Лајпциг по нивниот пораз од Мајнц вчера, додека Шалке се последни со 7 поени, десет поени под зоната за испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари!

Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.
На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА играчите.
Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-Стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.
Спорт
Иванишевиќ: Новак може да паузира до сезоната на земја

Горан Иванишевиќ, тренерот на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, очекува Србинот да паузира цел месец до стартот на сезоната на земја за да се опорави од скинатиот стомачен мускул добиен при победата на Австралија опен.
Самиот Ѓоковиќ изјави дека ја влошил повредата со одлуката да продолжи да игра, и сега Иванишевиќ вели дека е реално да се очекува тој да паузира од тениските терени до април. Србинот се повреди во текот на третото коло против Американецот Тејлор Фриц, а и покрај најавите дека ќе се повлече, тој стигна до победа над Данил Медведев и 18-та гренд слем титула.
„Многу работи зависат од тоа како ќе тече опоравувањето, но мислам дека нема потреба да се брзаме. Единствен турнир до април на кој може да настапи може да биде Мајами, кој стартува на 24 март“, вели Иванишевиќ.
Сезоната на земја стартува на 5 април, а првиот Мастерс е во Монте Карло на 11 април.
Спорт
И официјално по 27 години, Пирели си заминува од дресот на Интер

Генералниот директор на Пирели, Марко Тронкети Провер потврди дека од следната сезона, славната италијанска компанија за производство на автомобилски гуми нема да биде на дресовите на Интер.
Пирели е спонзор на дресот на Интер последните 27 години, но тоа ќе се смени од сезоната 2021/22.
„Преговараме со Антонело, Марота и другите директори на Интер, но нема да бидеме спонзори на нивниот дрес од следната сезона. Сепак, врската со клубот ќе остане“, вели Тронкети Провер.
Откако газдите на Интер, „Сунинг“ минатата недела потврдија дека бараат „партнери“ за клубот, во Пирели не се грижат за иднината на „нераѕурите“.
„Фактите се тие – тие имаа финансиска инјекција и компанијата потврди дека е посветена на Интер. Затоа продолжуваат нормално да функционираат“, вели Тронкети Провер.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер