Спорт
Леванте нема шанси на „Месталја“ – Валенсија на крајот убедлива
Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди ја продолжи лошата низа во градското дерби со Валенсија, и ќе почека на прва победа на „Месталја“ откако иако двапати губеа, „лилјаците“ се вратија за 4:2 победа.
Проблемите со кои се соочува Валенсија се познати подолго време, откако поради финансиската криза продаваа фудбалери и дури најавија дека речиси сите нивни фудбалери се на продажба, но градското дерби секогаш носи посебен мотив.
Хозе Моралес ги донесе Леванте во водство уште во првата минута, пред Габриел во 12. минута да израмни на 1:1, а Моралес во 36. минута уште еднаш стрелаше за 1:2 водство. Макси Гомез во 39. минута осигура на полувреме да се оди со 2:2, пред Ману Валјехо со два гола во второто полувреме да ја обезбеди победата во првото коло во Ла лига.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Уште еден кикс на Ливерпул – Палас и Фулам освоија по еден бод
Фудбалерите на Ливерпул и Лидс одиграа без голови во натпреварот од 19-то коло од Премиер лигата.
Tимот од „Енфилд“ ги разочара навивачите по којзнае кој пат оваа сезона, а воедно ја пропушти шансата да се приближи до водечката тројка на табелата, поточно до третопласираната Астон Вила.
Зад „црвените“ е период на стабилизација на резултатите по црната серија што ги донесе на позицијата во која се сега, далеку од првото место и речиси без шанса да се борат за титулата.
Оттука, натпреварот со Лидс беше совршена можност тимот на Слот да продолжи во ист ритам, но…
Тимот од Јоркшир беше доволно упорен, борбен и тактички добро воден, на крајот заслужено освои бод.
Статистиката вели дека Ливерпул имал 18 шутеви кон голот на гостите, од кои само еден одеше во рамките на голот.
Ливерпул се наоѓа на четвртото место на табелата со 33 бода, Лидс е на 16-то место со 21.
Во истиот термин, во малото лондонско дерби, Крстал Палас и Фулам одиграа 1:1. Палас ја прекинаа серијата од три порази, а Фулам серијата од три победи. На табелата се на деветтото и десеттото место со по 27 поени.
Матета му донесе предност на Палас во 39-та минута, изедначи на десет минути до крајот Керни.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Паскал Грос се врати во Брајтон
Првиот ден од новата година e договорен првиот трансфер во англиската Премиер лига, во зимскиот преоден рок.
Брајтон одлучи да го врати својот долгогодишен играч Паскал Грос од Борусија Дортмунд.
Германскиот играч за врска го носеше дресот на „Галебите“ од 2017 до 2024 година и практично стана легенда на клубот, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд.
34-годишниот играч за врска има договор со „милионерите“ до крајот на сезоната, но на Брајтон му е потребен веднаш, па ќе платат отштета од 1.500.000 евра за Грос.
Потребно им е искуството на Грос на галебите“, бидејќи потенцијално им се заканува борба за опстанок. Моментално се на 14-то место на табелата со 25 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
Домен Превц го прелета Гармиш Партенкирхен
Домен Превц продолжува да доминира на новогодишната турнеја на Четири скокалници.
По триумфот во Оберстдорф, брилијантниот Словенец го прослави првиот ден од Новата година со победа во Гармиш Партенкирхен.
Првиот скок беше на 143, вториот на 141 метар, доволно за 303,1 бод и уште една убедлива победа. Ова беше негова седма победа оваа сезона.
Втор беше Австриецот Јан Херл, кој освои 287,7 бода, што беше дури 15,5 бода помалку од одличниот Превац.
Неговиот сонародник Стефан Ембахер се искачи на најниското место на подиумот со вкупно 287,1 бод.
Превц убедливо води во генералниот пласман на турнејата, а секако и на Светскиот куп. Следното натпреварување во рамките на Турот се одржува во Инсбрук на 4 јануари.
Foto/ EPA/ANNA SZILAGYI
Domen Prevc show! Słoweniec odlatuje rywalom w Garmisch-Partenkirchen! Kacper Tomasiak na ósmym miejscu! #GaPa #skijumpingfamily #4hills pic.twitter.com/nZKxxGZshb
— Skijumping.pl (@Skijumpingpl) January 1, 2026

