Спорт
Левандовски во Атлетико Мадрид?
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/319964.jpg)
Барселона и Атлетико Мадрид се големи ривали, но веќе стана традиција во секој преоден рок некој фудбалер од едниот да се пресели во другиот табор.
На почетокот на сезоната Атлетико го испрати Жоао Феликс на позајмица во Барселона. Претходно Мемфис Депај од Барселона пристигна во Мадрид, истото се случи со Луис Суарез или со Антоан Гризман и неколку години пред него Арда Туран од Атлетико заминаа во Барселона.
Рубен Уриа, шпански новинар, кој внимтелно ги следи случувањата во Атлетико, тврди дека во летниот преоден рок Роберт Левандовски ќе пристигне во Мадрид.
Тој не истакнува дека преговорите се во тек, но дека треба да се внимава на потенцијалниот притисок од Барселона да се ослободи од Левандовски и да го испрати во Атлетико Мадрид.
„Бидете внимателни кога се во прашање преговорите меѓу Барселона и Атлетико кога се работи за Роберт Левандовски“, крипто рече Урија.
Очекувано веднаш се појавија шпекулации дека Полјакот ќе биде дел од трансферот на Жоао Феликс, кого Џоан Лапорта сака да го задржи, а Барселона нема пари да го купи.
Многу важна ставка за Левандовски е фактот дека неговите примања ќе се зголемат во третата сезона (16 милиони евра нето), што е премногу за буџетот на Барселона.
Полјакот нема целосна поддршка кај клупските челници, особено што објективно беше во полоша форма во поголемиот дел од оваа сезона, но исто така забележливо е дека ја крена формата во изминатите два месеци, постигна осум гола и запиша четири асистенции на 12 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Усик остана без титулата во верзијата на ИБФ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/5431757_20220821t113110z-2065945597-rc2q0w9r56sj-rtrmadp-3-boxingheavyweightusykjoshua_ls.jpg)
Украинецот Олександер Усик само 40 дена беше апсолутен шампион во тешка категорија. Без овој статус остана бидејќи се откажа од одбраната на титулата во верзијата ИБФ.
Усик на 18 мај го победи Британецот Тајсон Фјури на поени и со тоа стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија по 24 години и Ленокс Луис.
Усик и Фјури се договорија за реванш кој ќе се одржи на 21 декември. Украинецот побара од ИБФ да не му го одземаат појасот пред реваншот со Фјури, но барањето му беше одбиено.
ИБФ, по повлекувањето на Усик за привремен шампион го прогласи Британецот Даниел Дубоа, кој го победи најдобриот хрватски тешкаш Филип Хрговиќ со нокаут на 1 јуни.
Со ваквиот развој на настаните, борбата меѓу Дубоа и уште еден Британец Ентони Џошуа, која беше договорена за 21 септември на Вембли, станува борба за титулата шампион во ИБФ верзијата.
Спорт
Конечен расплет во Е групата – Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbs_b_c_82ac1c5980d966282a3fd150042ff84a.jpg)
Најинтересна и најнеизвесна група пред последното коло од групната фаза на ЕП е групата Е. Во последната рунда сите селекции влегваат со по три бода.
Поради гол разликата на табелата води Романија (3:2), следуваат Белгија (2:1), Словачка (2:2) и Украина (2:4).
Не се знае кој ќе оди во нокаут фазата, но сигурно е дека од оваа група три селекции ќе се пласираат во осминафиналето. Јасно е дека победа на секоја селекција и гарантира место во Топ 16.
Доколку Романија и Словачка ремизираат, со по четири бода се сигурни во осминафиналето.
Се поставува прашањето што ќе се случи доколку двата натпревари завршат нерешено?
Првата опција нерешените резултати да бидат идентични или доколку Белгија и Украина ремизираат со помалку голови од Романија и Словачка, тогаш распоредот би изгледал вака: Романија, Белгија, Словачка, Украина. Односно Украинците би биле елиминирани поради најлошата гол-разлика.
Друга опција е Белгија и Украина да ремизираат со постигнати голови (1:1), а Словачка и Романија без голови, тогаш Белгијците би го зазеле првото место, пред Романија и Словачка.
Конечно, еве уште неколку клучни податоци за секоја репрезентација:
Романците сигурно ќе напредуваат доколку не загубат од Словачка, а ќе бидат први во групата доколку Белгија не ја победи и Украина. Романците испаѓаат само ако загубат од Словачка, а Украинците освојат барем бод со Белгија.
Белгијците исто така напредуваат ако останат непоразени против Украина, а исто така ќе бидат на чело на групата доколку победат и Словачка не успее да ги победи Романците. Белгијците можат да испаднат само ако загубат, а Романија го избегне поразот.
Словаците сигурно ќе одат понатаму ако ги победат Романците, а можат да ремизираат и да одат како третопласирана екипа. И Словаците можат да бидат први, но мора да победат и Украина да не ја победи Белгија. Словаците ќе бидат елиминирани доколку загубат, а Белгија остане непоразена.
Конечно, Украина сигурно ќе оди понатаму ако ја победи Белгија. Украинците можат да продолжат како трети доколку ремизираат со Белгија, но ако има победник на натпреварот Романија-Словачка. Украинците сигурно ќе испаднат ако загубат од Белгија и ако Словаците освојат барем бод.
Спорт
Леброн и во иднина ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/17193533732032.jpg)
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата и во следните три сезони ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
Лејкерси на 39-годишниот кошаркар му понудија огормен договор, се очекува Леброн да го прифати. .
Леброн за три години би требало да заработи дури 162 милиони долари. Во првата сезона неговата плата би била 50, во втората би се зголемила на 54, а во третата година од договорот на 58 милиони долари.
Џејмс дојде во Лејкерс во 2018 година од Кливленд. Покрај овие два тима, тој го носеше и дресот на Мајами Хит.
Леброн со Лејкерси ја освои титулата во 2020 година.