Спорт
Линекер: Невозможно е Роналдо да го споредувате со Меси или Марадона

Славниот англиски фудбалер, најдобриот стрелец на СШ во 1986 година, Гери Линекер, рекол дека невозможно Лионел Меси да се споредува во Кристијано Роналдо. Линекер им се восхитува на двајцата, но тврди дека она што го прави Меси, или она што го правеше во минатото Диего Марадона е „друг спорт“, во однос на она што го игра Португалецот.
„Го сакам фудбалот, а она што на ова игра и го дадоа Меси и Марадона е нешто посебно. Не сакам да ги споредувам, само ќе кажам дека овие двајца правеа работи кои не можеме да ги направме ное, обичните смртници. Тие не прават среќни. Има уште неколку великани, тука се едниот и другиот Роналдо, но за нив сметам дека тие се стрелци. Лео во секој натпревар ќе направи две или три работи кои никој во кариерата не го направил. Меси и Марадона, па тие двајца, тоа е друг спорт“, рекол Линекер.
„Тие работите ги гледаат на поинаков начин. Кога ја гледам нивната игра, а и самиот бев професионалец често се прашувам, по ѓаволите како го прават тоа?“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хофенхајм го отпушти тренерот

Фудбалскиот клуб Хофенхајм денеска го отпушти Андре Брајтенрајтер од тренерската функција. Хофенхајм нема победа на последните девет натпревари во Бундеслигата.
Брајтенрајтер ја презеде функцијата во мај минатата година, а последната победа со Хофенхајм ја забележа во октомври минатата година.
Хофенхајм во саботата беше поразен на гостувањето кај Бохум со 5:2. Тимот сега се наоѓа на 14. место на табелата во Бундеслигата, три бода над зоната за испаѓање.
Германскиот тренер минатата сезона го предводеше Цирих до титулата во швајцарскиот шампионат, а беше тренер и на Падерборн, Хановер и Шалке.
Следниот меч од Бундеслигата на Хофенхајм го игра на домашен терен против Баер Леверкузен.
Спорт
Чави: Реал не е мртов, туку е фаворит за шампионската титула

Барселона ја совлада Севиља со 3:0 во дербито на Примера и по поразот на Реал Мадрид од Мајорка сега на табелата има осум бодови повеќе од најголемиот ривал.
Каталонците блескаат во овогодинешниот шампионат. Загубија само еден натпревар и примија вкупно седум гола на 20 натпревари.
Тренерот на Барселона, Чави, не дозволува тимот да влезе во еуфорично располоѓение, истакнува дека се уште ниѓто не е готово.
„Осум бода се голема предност, но се уште не сме освоиле ништо. Реал може да победи секого, и не заборавајте дека тие треба да дојдат на Камп Ноу“.
Чави смета дека Реал се уште е најголениот фаворит за освојување на титулата.
„Реал е мртов? Нема шанси. Толку пати докажаа дека се способни да направат голем камбек. За жал, тоа го доживеав како играч и не би сакал да го доживеам тоа сега како тренер. Без разлика на нашата предност, фаворит за освојување на Ла Лига е Реал. Затоа што е актуелен шампион на Шпанија и Европа. Ние сме кандидати за титулата“, заклучи Чави.
Спорт
Матеус: Ноер не треба да биде капитен на Баерн

Мануел Ноер неславно може да ја заврши кариерата во Баерн. Пред нешто повеќе од еден месец тој на скијање ја скрши ногата, поради што ја заврши сезоната,а минатат недела го критикуваше клубот, поради отказот што го доби тренерот на голманите и негов голем пријател, Тони Топаловиќ.
Легендата на Баерн, Лотар Матеус е последниот човек поврзан со клубот кој јавно го нападна Мануел Ноер поради контроверзното интервју што го даде пред неколку дена.
Еден од најголемите асови на светскиот фудбал, смета дека Баерн треба да му ја одземе капитенската лента.
Германскиот голман во последните денови беше жестоко критикуван од челниците на клубот Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.
Ноер, ја нарече „луда“ одлуката на клупските челници кои неодамна му врачија отказ на долгогодишниот тренер на голманите, Тони Топаловиќ.
„Прво скијаше лежерно, а сега дава интервју во кое жестоко го напаѓа клубот. Нели пред неколку недели рече дека никој не е над клубот“, рече Матеус, кој смета дека, Ноер му нанел „голема штета“ на клубот и поради тоа не ја исклучува можноста, Баерн да се ослободи од Ноер „можеби дури и засекогаш“.
„Она што најмногу ме загрижува за интервјуто на Мануел е што очигледно не размислувал кога ги бирал зборовите“, заклучил Матеус.