Спорт
Липи ги избра најдобрите играчи кои ги тренирал во кариерата
Трофејниот италијански тренер Марсело Липи ги избра најдобрите играчи со кои работел во текот на неговата успешна кариера.
Липи ја започна својата тренерска кариера пред повеќе од 40 години, а најславните денови ги помина како селектор на Италија со која го освои Светското првенство во 2006 година и како тренер на Јувентус. Со клубот од Торино пет пати ја освои Серија А, еднаш беше најдобар во Лигата на шампионите, а со клубот освои вкупно 13 титули.
Од плејадата врвни ѕвезди со кои Липи имал можност да работи, во две категории го смести Фабио Канаваро.
Канаваро како капитен на репрезентацијата го подигна трофејот на Светското првенство, а претходно играше и во финалето на ЕУРО 2000 година, ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер на светот, а тој беше и добитник на наградата „Златна топка“.
Липи го став Канаваро во две категории, но во истити две категории се наоѓа и Чиро Ферара. Липи едноставно не можел да се одлучи кој е подобар во категориите на играчи кои најдобро играа со глава и кои најдобро се позиционираа на теренот.
Изборот на Липи на најдобрите играчи со кои работел во кариерата:
Најдобар удар: Франческо Тоти
Најдобра техника: Алесандро Дел Пјеро
Најдобар лидер: Џанлука Вијали
Најдобар во шеснаесетникот: Лука Тони
Најдобро позиционирање: Фабио Канаваро и Чиро Ферара
Најдобар удар со глава: Фабио Канаваро и Чиро Ферара
Најдобар дриблинг: Зинедин Зидан
Апсолутен гениј: Роберто Баџо
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

