Спорт
Листа на најплатени фудбалери – Во Топ 10 има по тројца од ПСЖ и Реал

Шпанска „Марка“, во денешнто издание ги објави бруто платите на најплатените фудбалери во светот. Во Топ 10 има по тројца играчи на ПСЖ и Реал Мадрид. Забележливо е дека двајца од десетте најплатени речиси и да не играат оваа сезона, а еден поради честите повреди, во последните четири сезони, ретко кога одиграл повеќе од 25 натпревари во сезоната.
Прв на листата е Нејмар. Бразилецот, кој не игра повеќе од 25 натпревари во сезона, има плата од 50.000.000 евра. Втор на листата е неговиот соиграч Лионел Меси. Годишната бруто плата на Аргентинецот изнесува 40.000.000 евра.
Третиот играч на ПСЖ, Килијан Мбапе е трет на оваа листа со 26.400.000 евра. Прогнозите се дека Мбапе од наредната сезона, без разлика на тоа дали ќе остане во ПСЖ или ќе го смени клубот, ќе биде на врвот на листата.
Двајца на оваа листа, од почетокот на сезоната, вкупно настапиле на 12 натпревари за Реал. Герет Бејл е трет, а Еден Азар шести.
Комплетната листат со бруто плати:
1. Нејмар (ПСЖ) – 50.000.000 евра
2. Лионел Меси (ПСЖ) – 40 000.000 евра
3. Герет Бејл (Реал) – 34.000.000 евра
4. Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед) – 31.560.000 евра
5. Антоан Гризман (Атлетико) – 30.000.000 евра
6. Еден Азар (Реал) – 30.000.000 евра
7. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 26.400.000 евра
8. Кевин Де Брујне (Манчестер сити) – 24.720.000 евра
9. Карим Бензема (Реал) – 24.000.000 евра
10. Давид Де хеа (Манчестер јунајтед) – 23.300.000 евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул го потврди трансферот на Фабио Карваљо

Ливерпул, објави дека нов играч на клубот е Фабио Карваљо. Станува збор за 19-годишен португалски офанзивен играч за врска кој беше еден од главните играчи на Фулам минатата сезона.
Со осум гола и 10 асистенции, тој му помогна на Фулам да се врати во Премиер лигата на Англија.
Тој минатата година забележа четири настапи во највисокото ниво на англискиот фудбал, а дебитираше во мај против Саутемптон. „Возбудливи талент доаѓа од подрачјето на Лисабон. Во март тој го одигра својот прв натпревар за португалската репрезентација до 21 година, додека претходно играше за помладите возарсни категории на Англија“, објави Ливерпул.
Карваљо помина низ Академијата на Фулам и одигра 44 сениорски натпревари за клубот. Беше на радарот на многу големи клубови. Многумина му предвидуваат одлична кариера.
Спорт
Ноер го продолжи договорот со Баерн

Ветеранот Мануел Ноер го продолжи договорот со Баерн Минхен. Клубот објави дека Ноер ќе остане во Минхен до 2024 година.
Баерн не ги објави финансиските детали од новиот договор. Со претходниот, бруто платата на германскиот репрезентативец изнесуваше 20 милиони евра.
„Многу сум среќен што продолжува моето патување со Баерн. Повторно ќе имаме одличен тим, со кој ќе можеме да се бориме за сите трофеи. Како голман и капитен на тимот сакам да бидам столб и поддршка во остварувањето на наредните цели“, изјави Манеул Нојер.
Германскиот репрезентативец пристигна од Шалке во 2011 година. Шест сезони е капитен на Баерн.
Спорт
Монако е најголемиот добитник на договорот меѓу ПСЖ и Мбапе

Во Монако ги тријат рацете по одлуката на Килијан Мабпе да остане во ПСЖ. Пред четири години Монако го продаде на ПСЖ за 145 милиони евра, а во договорот ставија клаузула според која, Монако, ќе добие 25 отсто од следниот трансфер или 35 милиони евра доколку го продолжи договорот со францускиот шампион. .
Мбапе летово можеше да го напушти ПСЖ како слободен играч, доколку тоа се случеше Монако немаше да добие ниту цент. Сепак, тој го продолжи договорот и ги израдува навивачите на ПСЖ, но и неговиот поранешен клуб.