Спорт
Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осмина-финалето на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Литванија ја оствари втората победа на Евробаскет совладувајќи ја селекцијата на БиХ со 87:70. Со ова Литванците се искачија на четвртата позиција во групата Б и се пласираа во осмина-финалето токму пред Босна и Херцеговина. Најверојатно, ќе се соочат со Шпанија во нокаут-фазата.
Литванците ја создадоа предноста во вториот период, кој го добија со убедливи 14 поени разлика. На одморот заминаа со водство од 56:42.
До крајот, Литванија не дозволи високата предност да се стопи.
Мариус Григунис со 16 поени беше најефикасен во победничката селекција, а Џанан Муса со 22 беше најдобар поентер на мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Рајо ја декласира Џирона, Миовски заменет во 45.минута

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1.
Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути.
Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0.
Во 43-та минута, домашниот голман Пауло Газанига направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. На теренот влезе резервниот голман Крапивцов, а тренерот Мичел реши да го повлече од игра македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Пеналот во гол го претвори Иси Палазон.
Џирона не се откажа, продолжи да напаѓа, а наградата стигна во 57-та минута кога, по продорот на Циганков, топката ја смести во мрежата Жоел Рока.
Foto/ EPA
Спорт
Шок пред Евробаскет: Џанан Муса опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.
ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет.
Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.
Спорт
Седуммина осомничени за местење на натпреварот Кожуф – Башкими, едно лице уапсено

Седум лица се соочуваат со кривични пријави поради местење на натпреварот помеѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, одигран на 6 мај годинава во Гевгелија. Според МВР, едно од нив е приведено.
Меѓу пријавените се претседателот на ФК „Башкими“ Б.Х., спортскиот директор на ФК „Кожуф“ П.Ѓ., тренерот С.Г., тројца фудбалери од „Кожуф“ и еден играч од „Башкими“.
Според истрагата, претседателот на „Башкими“ наводно му дал 10.000 евра на спортскиот директор на „Кожуф“ за да влијае врз исходот на натпреварот. Потоа, преку тренерот, било договорено тројца играчи на гевгелискиот тим да не се вложат целосно во играта. Натпреварот завршил со 1:2 за „Башкими“, што му овозможило на клубот од Куманово да игра бараж за влез во Првата лига.