Спорт
Ливерпул ги продава Салах и Мане за да го купи Килијан Мбапе?

Пари Сен Жермен со сите сили се труди да го задржи Килијан Мбапе уште две години на „Паркот на принцовите“, но се поизгледно е дека тој сака да го реализира трансферот во Реал Мадрид. Сепак, „Л’Екип“ најавува дека Ливерпул сака да се вмеша и да му парира на Манчестер Сити за трансферот на Халанд.
Англискиот клуб е подготвен ова лето да ги продаде Садио Мане во Баерн Минхен и Мохамед Салах во ПСЖ за да обезбеди пари за трансферот на Килијан Мбапе на „Енфилд Роуд“.
Медиумите на Островот пишуваат дека раководството на Ливерпул му ветило една голема ѕвезда на Јирген Клоп за тој да се согласи на нов договор, а тоа би можел да биде Мбапе.
Можеби ова делува и далечно, но, сепак, ќе направи нова бура околу трансферот на Французинот, со оглед дека веќе се разрешени дилемите со Ерлинг Халанд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перишиќ добил ултиматум од Интер

Интер ја зголеми понудата за новиот договор на Иван Перишиќ. Фудбалерот се уште не се изјаснил да ли ќе ја продолжи соработката. Перишиќ оваа сезона беше еден од клучните играчи во освојувањето на Купот на Италија, второто место во првенството и пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Неговиот договор со Интер истекува на 30. јуни и тој потоа ќе може да го напушти клубот како слободен играч без обесштетување.
Според италијанските медиуми, Интер ја зголемил понудата од 4,5 на пет милиони евра плус одредени бонуси. Перишиќ, во старт побарал фиксна плата од шест милиони по сезона и двегодишен договор.
Состанокот на неговиот менаџер со раководството на Интер траел околу еден час, а по неговото заминување, новинарите го прашаа дали Перишиќ ќе потпише нов договор.
Одговорот на менаџерот бил: „Ќе видиме“.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер му дал ултиматум на Перишиќ да ја соопшти одлуката до крајот на неделата. Истиот извор наведува дека 33-годишниот хрватски офанзивец има неколку понуди од други лиги, наводно од Челзи и Њукасл.
На состанокот менаџерот на Перишиќ им кажал на челниците на Интер дека добил понуда од шест милиони евра плус бонуси од клуб од странство и побарал повеќе време да размисли пред Перишиќ да ја донесе конечната одлука.
Спорт
Фетел на скутер бркал крадци низ Барселона

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел (34), бил жртва на грабеж во Барселона. Фетел крадците ги бркал на скутер.
Полицијата потврди дека четирикратниот светски шампион во нападот поминал без повреди, но разбојниците му го украле ранецот од автомобилот.
Грабежот се случил во центарот на Барселона пред хотелот во кој престојувал возачот на Астон Мартин за време на трката за ГП Барселона овој викенд.
Шпанските медиуми наведуваат дека Фетел го оставил отворен прозорец на својот автомобил, измамниците го искористиле тоа и му го украле ранецот.
Меѓутоа, Германецот тргнал со електричен скутер да ги лови разбојниците откако успеал да ја одреди локацијата на украдениот ранец со помош на слушалките што биле во него.
Фетел ги нашол слушалките ги нашол фрлени, а крадците успеале да избегаат.
Локалните медиуми објавија дека полицијата отворила истрага откако Фетел го пријавил грабежот.
Германецот во неделата на трката за ГН на Шпанија го освои 11. место, а моментално е на 14. место во генералниот пласман на Светското првенство.
Спорт
Одобрена е продажбата на Челси, парите ќе одат на „замрзната“ сметка

Конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боили ќе добие одобрение од британските власти да го купи фудбалскиот клуб Челзи. Се очекува тоа да се случи во наредните 24 часа.
Според „Скај спорт“, британските власти добиле правни гаранции дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема да има корист од продажбата на клубот, што значи дека можат да одобрат зделка вредна 4,25 милијарди фунти.
Приходите од продажбата ќе одат на замрзната сметка контролирана од британската влада. Освен во Велика Британија, Абрамович беше санкциониран од Европската унија, а бидејќи има португалски пасош, продажбата ја одобрија португалските власти.
Абрамович по 19 години повеќе нема да биде сопственик на Челзи. „Сините“ во тој период освои 21 трофеј, од кои пет титули во Премиер лигата и две Лигата на шампионите.
Абрамович мораше да го продаде клубот поради наводните врски со рускиот претседател Владимир Путин во екот на воената интервенција во Украина. Неколку дена по почетокот на војната, на 24. февруари, Абрамович го објави дека го продава клубот.
Тој беше дел од делегацијата која учествуваше на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Британската влада воведе санкции против него на 10. март, но на Челзи му даде посебна работна дозвола, која истекува на 31. мај.
Американскиот милијардер Тод Боили е сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, а има акции и во кошаркаските клубови Лос Анџелс Лејкерс и Лос Анџелес Спаркс.