Спорт
Ливерпул ги започна преговорите со Ван Дајк

Тројца важни, играчи на Ливерпул имаат договори со клубот до крајот на сезоната. Станува збор за Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах. Клупските ченици конечно ( за навивачите на Ливерпул) се фатија за работа. Прво ги отворија преговорите со капитенот.
Ливерпул решија дека приоритет е прво да се договорат за продолжување на договорот со Ван Дајк.
Холанѓанецот е во клубот од јануари 2018 година и оттогаш Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот и два Лига купа, заедно со европскиот Суперкуп, Комјунити Шилд и Светското клупско првенство.
Од моментот коа пристигна во клубот во само една сезона во Премиер лигата одигра помалку од 32 натпревари во една сезона.
– Преговорите почнаа, но не можам да кажам што ќе се случува во иднина. Во моментов размислувам само за Ливерпул, сакам да победувам и ништо друго“, изјави Ван Дијк.
Ливерпул моментално е прв во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите има две победи од исто толку натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конор Мекгрегор прогласен за виновен: Судот потврди силување и брутален напад

Конор Мекгрегор, еден од најпознатите ММА борци, претрпе пораз на суд во граѓанска парница во која Ирката Никита Хенд го обвини за силување и брутален напад во хотел на крајот од 2018 година.
Ирскиот суд едногласно ги отфрли сите пет точки од жалбата на Мекгрегор и ја потврди претходната пресуда според која тој мора да плати отштета од 248.600 евра, како и околу 1,3 милиони евра судски трошоци.
На судењето во Високиот суд во Даблин минатата година, поротата утврди дека Никита Хенд ја кажувала вистината кога опишала дека била силувана и удирана од Мекгрегор за време на приватна забава по божиќниот настан на ѕвездата на ММА.
За време на судењето, Мекгрегор се бранеше тврдејќи дека станува збор за консензуална врска и дека обвинувањата биле обид за уцена, но судот пресуди во корист на жртвата, додека сообвинетиот Џејмс Лоренс беше ослободен од одговорност за самиот напад.
Одбраната на Мекгрегор се базираше на неколку нивоа. Од обидот да се оспори употребата на неговите одговори „без коментар“ за време на полициското испрашување во судот, до тврдењата дека терминологијата во клучните прашања за поротата била непрецизна („напад“ наместо „сексуален напад“), до обидот да се допушти ново сведочење кое, според одбраната, би можело да го објасни потеклото на модринките на телото на тужителот.
Сепак, судот ги отфрли сите аргументи, наведувајќи дека ниту еден член на поротата не можел да биде заведен од формулацијата на прашањето, додека повлекувањето на барањето за нови сведоци се сметаше за индикација за слабоста на самата жалба.
Самиот Мекгрегор не беше присутен во судницата за време на изрекувањето на пресудата со која се отфрли неговата жалба. Поддржувачите на жртвата Никита Хенд се собраа пред судницата, а откако беше објавена одлуката, таа рече дека процесот бил исклучително тежок и болен и дека сега може да го започне процесот на заздравување. Таа, исто така, ги повика другите жртви да не се откажуваат и да бараат заштита и правда преку институциите.
Борецот не зборуваше во медиумите или на социјалните мрежи во врска со пресудата, додека ирската јавност го следи целиот случај низ призмата на општествената одговорност на спортските идоли и потребата од зајакнување на правата на жртвите на сексуално насилство.
Спорт
Ферстапен пресече, познато за кого ќе вози следната сезона

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, ќе остане во Ред Бул и следната сезона.
Веќе подолго време се шпекулираше дека Холанѓанецот ќе премине во Мерцедес, но пред трката на Хунгароринг, тој ги отфрли тие гласини.
„Работата е во тоа што луѓето многу зборуваат во текот на целата сезона, а единствениот што навистина треба да зборува, a не зборува – сум јас. Секогаш било јасно, па и за следната година. Веќе разговарам со тимот за плановите за наредната сезона. Тоа значи дека останувам со тимот и следната година“, изјави Ферстапен.
Шпекулациите за премин во Мерцедес го достигнаа врвот кога беше објавено дека тој и Тото Волф биле заедно на одмор на Сардинија.
„Ако мојата јахта е до јахтата на Тото, тогаш е така. Можете да имате личен однос со некого дури и ако немате деловен“, додаде Макс.
Ферстапен минатиот викенд беше четврти на патеката Спа Франкошамп.
Сега е трет во генералниот пласман, со 81 бод помалку од водечкиот Оскар Пијастри и 65 помалку од второпласираниот Ландо Норис.
Спорт
Само во случај на прифатлива понуда Влаховиќ ќе замине од Јувентус
Душан Влаховиќ доби дозвола од Јувентус да го напушти клубот.
Според договорот со генералниот директор на клубот од Торино, Дамиен Комоли, Влаховиќ може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда.
„Се договоривме со Душан дека може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда“, рече Комоли.
„Сè уште не сме добиле понуда за него што би можеле да ја прифатиме.“
За заминувањето на Влаховиќ од Јувентус се зборува веќе долго време. Српскиот фудбалер не сакаше да го продолжи договорот со тимот, за да може да го напушти клубот од Торино во летниот преоден рок.
Влаховиќ целосно го загуби статусот во првиот тим на Јувентус во вториот дел од сезоната.
Српскиот фудбалер е во Јувентус од 2022 година и досега има собрано 136 натпревари во кои постигнал 55 гола.