Спорт
Ливерпул го потврди трансферот на Фабио Карваљо

Ливерпул, објави дека нов играч на клубот е Фабио Карваљо. Станува збор за 19-годишен португалски офанзивен играч за врска кој беше еден од главните играчи на Фулам минатата сезона.
Со осум гола и 10 асистенции, тој му помогна на Фулам да се врати во Премиер лигата на Англија.
Тој минатата година забележа четири настапи во највисокото ниво на англискиот фудбал, а дебитираше во мај против Саутемптон. „Возбудливи талент доаѓа од подрачјето на Лисабон. Во март тој го одигра својот прв натпревар за португалската репрезентација до 21 година, додека претходно играше за помладите возарсни категории на Англија“, објави Ливерпул.
Карваљо помина низ Академијата на Фулам и одигра 44 сениорски натпревари за клубот. Беше на радарот на многу големи клубови. Многумина му предвидуваат одлична кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
187 гола постигнати на два натпревари

Фудбалската асоцијација на Сиера Леоне (СЛФА) најави покренување истрага за резултатите од два натпревари на кои беа постигнати вкупно 187 голови.
Екипата на Кахунла Ренџерс ја победи Лумбеба јунајтед со 95:0 во втората лига, додека Галф победи против Коким Либан со резултат 91:1. Неверојатните резултати предизвикаа реакција кај тамошните фудбалски власти, особено ако се има предвид дека по 45 минути игра на двата натпревари резултати беа пристојни – 2:0 и 7:1.
Во официјалното соопштение на СФЛА се истакнува дека организацијата започнува истрага за „изведување на сторителите пред лицето на правдата и дека случајот ќе биде темелно истражен“.
Истовремено, интересно е што постигнатите резултати, најверојатно, немаат врска со спортско обложување. Натпреварите почнаа во исто време, а Кахунла Ренџерс и Галф имаа ист број на поени во борбата за пласман во елитната дивизија.
Патникот во повисок ранг го требаше да го реши гол-разликата.
Интерсен е и фактот што судијата на мечот Галф – Кокима Ливан одбил да се врати на теренот на полувремето и морал да биде заменет.
#ERFA first division match in Kenema on Sunday 3rd July 2022 saw Kahunla Rangers FC brush Lumbebu United 91 goals to 1.@SLFA_sl has instituted investigations pic.twitter.com/TSMw68Ecdq
— Ransford Maclean (@RansfordMaclea3) July 5, 2022
Спорт
Ибрахимовиќ ќе остане во Милан

Златан Ибрахимовиќ (40) години ќе потпише нов договор со Милан, објавија трансфер инсајдерите Џанлука ди Марцио и Фабрицио Романо.За потсетување, по сезоната во која миланскиот клуб ја освои шампионската титула во Италија, шведскиот напаѓач беше подложен на тешка операција на коленото, што ќе го оддалечи од терените практично до крајот на годината и со тоа ќе го пропушти почетокот на сезона.
Поради проблемите со повредите, минатата сезона, Ибрахимовиќ одигра само 27 натпревари и постигна осум и забележа три асистенции. Сепак, Милан ќе го продолжи неговиот договор.
Ди Марцио тврди дека се работи за едногодишен договор со плата меѓу 1 и 1,5 милиони евра, која може да се зголеми во зависност од бројот на голови и асистенции.
Ветеранот прифатил значително намалување на платата, која досега изнесуваше околу седум милиони евра по сезона. Потпишувањето на договорот се очекува во следните неколку дена.
Спорт
„Неточни се насловите дека Кирјос е обвинет за физички напад врз поранешната девојка“

Адвокатскиот тим на Ник Кирјос се огласи поради наводите во медиумите дека австралискиот тенисер е обвинет за физички напад врз поранешната девојка Кјара Пасара минатата година.
Адвокатите на четвртфиналистот на Вимблдон истакнаа дека ваквите наслови се неточни.
„Во овој момент, судот тие наводи не ги смета за факти, затоа господинот Кирјос не е обвинет до првото појавување пред судот“, велат тие и додаваат дека ваквите наслови може да доведат до недоразбирања во јавноста.
Кирјос има рок до 2.август да се појави на рочиштето за случајот. Доколку се докаже вината, максималната казна е две години затвор.
Дотогаш Кирјиос настапува на Отвореното првенство на Англија каде попладнево во четвртфиналето ќе се соочи со Кристијан Гарин.