Спорт
Ливерпул го продадоа Шаќири на Лион
Ливерпул се согласија да го продадат швајцарскиот плејмејкер, Џердан Шаќири на Лион за 9.5 милиони фунти, јавуваат повеќе британски медиуми.
29-годишниот Шаќири, кој пристигна на „Енфилд“ во 2018 од Стоук сити за 13 милиони фунти, имаше само пет старта во Премиер лигата минатата сезона, додека оваа сезона нема ниту еден настап.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Интер, ќе стане вториот фудбалер на Ливерпул со трансфер во Франција, откако Жоржињо Вајналдум си замина во Пари Сен-Жермен со бесплатен трансфер.
Шаќири вкупно одигра 63 меча за Ливерпул и постигна 8 гола, од кои 6 во првата сезона во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Атлетико против Еспањол ја прекина лошата низа во првенството
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Еспањол со 4:2 во натпреварот од 25-то коло на Ла Лига. „Јорганџиите“, вечерва ја прекинаа лошата низа од три натпревари без триумф и без постигнат гол во Примера. Исто така, Атлетико прв пат по 2022 година успеа да го победи Еспањол.
Гостите од Каталонија поведоа во пестата минута преку Жофре, но беа надиграни и поразени од фаворизираниот тим на Диего Симеоне. Атлетико по голот на Еспањол ја презеде иницијативата, силно притисна и изедначи преку Серлот во 21-та минута.
Пресвртот, Атлетико го комплетираше во 49-та минута со голот на Џулијано Симеоне. Девет минути подцна, Адемола Лукман, на асистенција на поранешниот соиграч од Аталанта, Руџери го постигна третиот гол.
Александар Серлот, им ја одзеде надежта на гостите дека можат да избегнат пораз со втроиот гол во 72-рата минута.
Норвежанецот можеше да постигне хет-трик, но во акција која „мирисаше“ на уште еден негов гол, ја погоди стативата.
До крајот на мечот, Еспањол, преку Еду Еспозито постигна уште еден гол.
Атлетико се трети на табелата, заедно со Виљареал има 48 поени, Еспањол остана на шестото место со 35 поени, но екипата од Барселона на последните пет натпрвари освои само еден бод.
Foto/ EPA

