Спорт
Ливерпул го растури Вест Хем, Клоп разочаран од навивачите на „Енфилд“.

Ливерпул, во средата се пласираше во полуфиналето на англискиот Лига куп со убедливата победа од 5:1 над Вест Хем.
Јирген Клоп успеа да одмори дел од клучните играчи, но сепак не беше целосно задоволен. Германскиот тренер истакна играчите биле добри за разлика од навивачите кои го разочарале.
„Морам да кажам дека не бев задоволен од атмосферата. Ги прашав луѓето зад мене: „Што сакате? Сменивме многу работи, игравме како луди, доминиравме со Вест Хем, дури и пропуштавме многу шанси. Да бев на трибините, илјада проценти ќе застанев на прсти“, изјави Клоп и ги повика навивачите да навиваат подобро во првенственото дерби со Арсенал во сабота:
„Не знам дали натпреварот против Манчестер јунајтед беше толку лош што треба да се извиниме што не победивме. Ни треба Енфилд во сабота. Ако не сте расположени, дајте го вашиот билет на некој друг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.
На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.
Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.
На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.
Спорт
Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA
Спорт
Сити и Премиер лигата постигнаа договор околу договорите за спонзорство

Манчестер Сити и Премиер лигата постигнаа договор во спорот околу правилата што ги регулираат договорите за спонзорство.
Сити покрена правна постапка против Премиер лигата, тврдејќи дека новите правила, кои ги регулираат трансакциите со поврзани страни (APT), се нелегални.
„Ниту Премиер лигата ниту клубот нема да коментираат по ова прашање“, се вели во заедничкото соопштение.
Минатата година, независен арбитражен панел пресуди против аспекти од прописите на лигата по тужба поднесена од клубот.
Правилата беа воведени од Премиер лигата за да се спречат клубовите да профитираат од комерцијални договори со компании поврзани со нивните сопственици, за кои се смета дека не се во согласност со фер пазарните вредности.
Во ноември 2024 година, мнозинството клубови од Премиер лига гласаа за усвојување на амандманот на APT, и покрај противењето на Сити.
Оваа судска одлука не е поврзана со онаа за 100 обвиненија против Сити за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Клубот ги негира обвинувањата.
Фото/ Принтскрин