Спорт
Ливерпул не е „готов“! Манчестер сити падна на „Енфилд“
Мохамед Салах, конечно, го постигна својот прв гол во Премиерлигата оваа сезона, но во совршен момент, за да ги предводи Ливерпул до охрабрувачка 1:0 победа над Манчестер сити за најава за враќање на „црвените“ на вистински пат по лошиот старт на сезоната.
Манчестер сити, како и секогаш под Пеп Гвардиола, има повеќе од играта и од поседот на топката, но Каталонецот остана со неславен рекорд на „Енфилд“ доживувајќи го првиот лигашки пораз во Англија по 21 меч, за да останат на четири поени зад изненадувачките лидери Арсенал, додека Ливерпул се враќа во топ 10.
Сити беа први кои ја сместија топката во мрежата, откако Фил Фоден во 53. минута се најде на вистинско место по асистенцијата на Ерлинг Халанд, но судијата Ентони Тејлор реши да го поништи голот поради претходен фаул на големиот Норвежанец. „Опсадата“ на голот на Ливерпул продолжи, но „црвените“ дојдоа до голот, кога Мохамед Салах во 75. минута со фантастичен продор успеа да се запише во листата на стрелците.
Борбата на теренот стана многу жестока, со повеќе жолти картони, а Јирген Клоп доби и црвен картон откако му се внесе во лице на линискиот судија бесен на една одлука.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.
Спорт
Српски тренер ќе води тим на Ол стар натпреварот
Дарко Рајаковиќ дека ќе предводи еден од трите тима на Ол-стар викендот, pотврди неговиот тим Торонто Репторс.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, го именуваше Дарко Рајовиќ за тренер на тимот кој e составен од неамерикански играчи за време на Ол-стар викендот.
Ова е голема чест за тренерот од Чачак, бидејќи странците никогаш не биле тренери на Ол-стар натпреварот.
Покрај Рајаковиќ, тренери на преостанатите два тима ќе бидат Џеј-Би. Бикерстаф од Детроит и Мич Џонсон од Сан Антонио.
Торонто Репторс на Рајаковиќ играат далеку над очекувањата оваа сезона. Тие моментално се четврти на Западот со резултат од 30-21.
Во својот Ол-стар тим Рајаковиќ ќе ги има Јанис Адетокунбо, Паскал Сијакам, Лука Дончиќ, Шеј Гилџис-Александер, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Дени Авдија и Џамал Мареј.
Foto/ EPA

