Спорт
Ливерпул со „сомнителен“ гол го победи Нотингем за полуфинале против Сити

Ливерпул е последниот полуфиналист од најстарото клупско натпреварување на светот, ФА купот, откако им беше доволен „сомнителниот“ гол на Диого Жота за да стигнат до 0:1 победа на гости и да обезбедат пресметка со Манчестер сити во полуфиналето. Во второто полуфинале играат Челси и Кристал палас.
Второлигашот Нотингем, кој во претходните кола успеа да ги елиминираат Арсенал и Лестер, се покажаа како сериозен противник и имаше доста шанси пред голот на фаворитите, но во 78. минута откако пропуштија сериозна шанса, беа казнети кога Костас Цимикас го пронајде Жота во шестнаесетникот и тој немаше проблем да го совлада голманот.
Иако ситуацијата изгледаше сомнително, ВАР системот одлучи дека нема офсајд. Домашните навивачи беа лути што неколку минути подоцна ВАР повторно беше против нивниот тим по еден дуел во шестнаесетникот на второлигашот, кој сепак, не изгледаше доволно сериозен за најстрога казна.
The 𝘴𝘭𝘪𝘨𝘩𝘵𝘦𝘴𝘵 of touches from @DiogoJota18.@LFC #EmiratesFACup pic.twitter.com/medNXfWdSI
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) March 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леклер и Ферари најбрзи на Каталуња, Мерцедес се враќаат во форма!

Шарл Леклер беше најбрз на двете тренинг-сесии пред Шпанското ГП во Барселона, пред Џорџ Расел во уште еден ветувачки ден за Мерцедес.
Леклер со меки гуми постави 1:19.670, што беше само за 0.117 секунди побрзо од најдобриот обид на Расел и само 0.2 секунди пред Луис Хамилтон, за да ја вратат вербата дека „сребрената стрела“ полека ги надминува проблемие од почетокот на сезоната. Карлос Саинс Јуниор го комплетираше топ 4 за Ферари,но се жалеше на брзото трошење на гумите на жештината во Каталонија.
Актуелниот шампион, Макс Ферстапен во Ред бул беше на петтото место со 0.336 секунди заостанување пред ФернандоАлонсо со половина секунда послабо време за Алпине и вториот возач на „биковите“, Серхио Перез, а Себастијан Фетел со контроверзниот Астон Мартин беше осми.
Спорт
Клоп со порака за Џерард: Ќе беше убаво Стиви да можеше да заигра

Стивен Џерард никогаш не успеа да го крене трофејот од Премиер лигата додека беше капитен на Ливерпул, но може да биде еден од клучните луѓе за титулата на „црвените“ во последното коло ако неговата Астон вила успее да го совлада Манчестер сити на „Етихад“.
Ако Вила го победи или одигра нерешено со Сити, а Ливерпул победи, тогаш Јирген Клоп ќе ја прослави втората премиерлигашка титула и Клоп вели дека би сакал Џерард да може да заигра за Астон вила.
„Да можев да играм натпревар за да им помогнам на моите поранешни клубови Дортмунд или Мајнц, за мене тоа ќе биде дополнителна мотивација, но јас не играм. И Стиви не игра, што е штета. Уште поголема штета е што тој не игра. Немам потреба да му праќам пораки, знам дека неговиот тим ќе даде 100 отсто на мечот со Сити. Ние ќе имаме причини за славење на крајот на сезоната, останува да се види колку причини ќе имаме. Пред две години немавме парада, но сега ќе славиме. Не за нас, туку за луѓето“, вели Клоп.
Спорт
Мајката на Мбапе откри: Понудите на ПСЖ и Реал се речиси идентични

И по повеќе месеци интензивни шпекулации, иднината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе, останува неизвесна откога мајка му за шпанска „Марка“ откри дека понудите што тој ги добил од Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен се речиси идентични.
„Двете понуди, едната од Париз и другаата од Мадрид, се речиси идентични. Во Реал Мадрид мојот син би имал контрола за правата на неговиот лик. Сега ја чекаме неговата одлука. Има мала разлика и сега тој ќе одлучи што сака да прави. Нема да има нови состаноци за неговата иднина, тоа е готово. Сега е до Килијан, тој да избере“, изјави Фајза Ламари.
Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува на 30 јуни и во шпанските медуми тврдат дека оптимизмот во Реал е спласнат бидејќи сметаат дека тој е поблиску до останување во Франција за што доби повик, дури и од претседателот на Франција, Емануел Макрон.