Спорт
Љорис: Има преголем притисок на фудбалерите да протестираат во Катар
Капитенот на француската репрезентација, голманот на Тотенхем, Иго Љорис смета дека има преголем притисок кон фудбалерите да протестираат за време на Светското првенство во Катар. Домаќинот на Мундијалот е под постојан притисок за третманот на имигрантите, рестриктивните закони за ЛГБТ заедницата и лошата репутација за човековите права, но ФИФА неодамна побара од учесниците да се „воздржт“ од политички теми и да се фокусираат на фудбалот и Љорис се согласува.
„Искрено, се согласувам со ФИФА. Има преголем притисок кон фудбалерите. Ние сме на дното на синџирот на исхрана. Ако веќе треба да има притисок, тоа требаше да се направи пред 10 години. Сега е предоцна. Морате да сфатите дека ваква шанса се случува еднаш на четири години за секој фудбалер и сите сакаат да успеат. Фокусот мора да биде на тоа што се случува на теренот. Другото е на политичарите. Ние сме спортисти“, вели Љорис.
Франција, како актуелен шампион, ја почнува одбраната на титулата во групата Д со Австралија, Тунис и Данска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал ја победи Мајорка
Реал и Барселона трет пат во последните три години ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Шпанија. Вечерва, во Џеда, во второто полуфинале, Реал ја победи Мајорка со 3:0.
Конечниот резултат покажува дека Реал убедливо победи, но се до судиското надополнување на времето резултатот беше 1:0.
Реал навистина доминираше, но Мајорка со одличното издание на голманот Доминик Гриф брилијантно се бранеше. И покрај 15 шута, пет во во рмките на голот, Реал го скрши отпорто на Мајорка во 63.минута.
Тогаш се појави веројатно најдобриот играч на Реал Џуд Белингем успеа да ја смести топката во голот. Ова е негов седми на последните девет натпревари.
Тој резултат беше активен се до судиското надополнување на времето, Ваљент си постигна авто гол во 92., а Родриго го постави конечниот резултат во 95.минута.
Финалето меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажано за в недела.
Спорт
Диало го продолжи договорот со Манчестер јунајтед
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Амад Диало го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“. Новиот договор што го склучија двете страни ќе биде со важност до летото 2030 година.
Претходниот договор за соработка истекуваше на крајот од сезоната, но Диало претходно јасно посочи дека приоритет му е да остане во клубот.
Диало сезонава е еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“, има учинок од шест гола и седум асистенции.
Диало пристигна во Манчестер јунајтед од Аталанта во 2021 година. Во меѓувреме, тој беше позајмен на Ренџерс и Сандерленд, пред да се наметне во првиот тим на ѓаволите.
Со новиот договор, фудбалерто доби значително покачување на платата, наместо досегашните 30.000 ќе заработува 120.000 фунти неделно.
Спорт
Евертон го отпушти Шон Дајч
Англискиот стратег Шон Дајч повеќе не е менаџер на Евертон, официјално потврдија од клубот.
Евертон е на 16. место на табелата во Премиерлигата со 17 бодови, само еден бод го дели од опасната зона.
Дајч го презеде тимот на Ливерпул на почетокот на 2023 година. Тој го водеше тимот на 83 натпревари, со биланс од 26 победи, 24 нерешени и 33 порази.
„Карамелите“ забележаа само еден триумф во претходните 11 натпревари, но успеаја да останат непоразени во три кола, во дуелите со фаворизираните Арсенал, Челзи и Манчестер сити во текот на декември.
Според англиските медиуми, по десет години на клупата на Евертон ќе се врати Дејвид Мојес.