Спорт
Љупчо Марковски тргнува во нова авантура со Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички денеска ги почнува подготовките за новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаат нов шеф на стручниот штаб и амбиции да реализираат многу поуспешна сезона од минатата која ја завршија на осмото место во Првата лига.
Љупчо Марковски Калц ја доби довербата на раководството да го предводи Работнички во новиот шампионат. Тој денеска од 18 часот во клупската база ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите, а потоа ќе биде одработен и првиот тренинг.
Засега ново име во редовите на Работнички е голманот Игор Алексовски, поранешниот младински репрезентативец, кој дојде од Ренова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Хаос на „Маракана“, жестока тепачка меѓу навивачите и полицијата

Инциденти го обележаа четвртфиналениот натпревар меѓу Флуминенсе и Ланус на легендарната „Маракана“м одигран во Копа Судамерикана.
Инцидентите започнаа на полувремето, ги започнаа гостинските навивачи. поради што почетокот на второто полуврмеме беше одложен за 30 минути.
Според извештаите, инцидентот наводно започнал по тепачка меѓу навивачите на Ланус во ходникот или тоалетот на стадионот, што дополнително ги зголемило тензиите.
Pelea entre hinchas de Lanus y la policia de Rio.#Lanus #FLUxLAN #Fluminense #Rio pic.twitter.com/s2nZvxeqta
— Rodrigo Machado (@machadorodrigo7) September 24, 2025
Полицијата реагирала со сила: солзавец игумени куршуми биле употребени за растерување на толпата.
🇧🇷 🇦🇷
Enfrentamiento en Brasil, entre hinchas de Lanús y la policía de aquel país.
— Luis Omar Tapia (@LuisOmarTapia) September 24, 2025
Играчите на Ланус одбиле да се вратат на теренот додека не се смири ситуацијата, а судијата Хесус Валензуела го одложил почетокот на вториот дел по консултација со преставниците на клубовите.
Што се однесува до самиот натпревар, Флуминенсе водеше со 1:0 на полувреме, со што го израмни вкупниот резултат откако го загуби првиот натпревар со ист резултат.
Ланус успеа да го издржи притисоко, успеа да изедначи и да се пласира во полуфиналето.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Касемиро бесплатно ќе го напушти Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“.
Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим.
Бразилецот беше исклучен во победата на Јунајтед од 2:1 над Челзи во саботата поради втор жолт картон, откако претходно го постигна вториот гол за својот тим.
Се шпекулира дека клубовите од Саудиската професионална лига се заинтересирани за искусниот играч од средниот ред веќе долго време и нема да имаат проблем да ја покријат неговата неделна плата од 400 илјади евра.
Според Браун, Манчестер јунајтед би можел да се обиде да го продаде Касемиро пред да му истече договорот во јуни 2026 година, но ако не успеат да го сторат тоа, веројатно ќе го пуштат да си замине без надомест.
„Дојде време Касемиро да си замине. Доколку Манчестер јунајтед добие понуда за него што им одговара, би можеле да одлучат да го продадат, но во спротивно, слушнав дека веројатно ќе му биде дозволено да си замине како слободен играч. На негови години, со парите што ги заработува, нема да има смисла да го задржи. За него имаше интерес од Саудиската професионална лига и мислам дека тоа е веројатно потег што ќе му одговара во оваа фаза“, рече Браун.
Касемиро пристигна во Јунајтед од Реал Мадрид во август 2022 година за 70 милиони евра и досега има одиграно 130 натпревари за клубот, постигнува 18 гола и 12 асистенции. Во својата прва сезона, тој му помогна на клубот да се врати во Лигата на шампионите, натпреварување кое го освои пет пати со Реал Мадрид.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гави нема да игра до февруари

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, познат како Гави, е успешно опериран по повредата на коленото.
Како што беше објавено на официјалниот профил на клубот „X“, 21-годишниот играч од средниот ред е подложен на артроскопска интервенција за санирање на повредата на медијалниот менискус.
Според проценките на медицинскиот тим, очекуваниот период на закрепнување е помеѓу четири и пет месеци, што значи дека Барселона нема да може да смета на еден од своите најважни млади играчи веројатно до февруари следната година.
Оваа информација ги изненади навивачите на каталонскиот клуб бидејќи локалните медиуми во претходните денови се прашуваа дали Гави ќе биде подготвен за првото Ел Класико во сезоната, кое е закажано за 26 октомври.
Играчот на Барселона се повреди кон крајот на август во текот на тренингот, а дури и тогаш се стравуваше дека станува збор за сериозна повреда на коленото.
Во ноември 2023 година, талентираниот фудбалер доживеа сериозна повреда, руптура на предните вкрстени лигаменти и оштетување на менискусот на истото колено, поради што беше надвор од терените една година.
Младиот играч од средниот ред се придружи на растечкиот список на повредени во тимот од „Камп Ноу“, на кој се наоѓаат Фермин Лопез, Ламин Јамал, Алехандро Балде и голманот Марк-Андре тер Штеген.
Foto/ „X“