Спорт
Лопетеги: Три недели лоша среќа ми ја уништија кариерата
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, признава дека бил разочаран од брзиот крај на неговиот престој на „Сантијаго Бернабеу“ објаснувајќи дека можел да ги сврти работите ако му било дадено време.
Лопетеги минатото лето првин направи вистинска бура во Шпанија кога прифати да го наследи Зинедин Зидан на клупата на Реал додека се подготвуваше со репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Русија. Шпанската федерација го отпушти неколку дена пред почетокот на турнирот и го замени со Фернандо Јеро.
Почетокот на кариерата во Реал исто така беше катастрофален. Низата слаби резултати кулминира во 5:1 поразот од Барселона и тој беше отпуштен по само 10 меча во Ла Лига на крајот на октомври. Неговата замена, Сантјаго Солари, не помина подобро пред да се врати Зидан во клубот.
„Имавме одличен почеток и одигравме неколку добри мечеви. Но, потоа имавме три недели лоша среќа пред голот во мечеви во кои бевме подобри. Тоа може да му се случи на секој тим. Мислев дека имам време и дека имаме нешто што беше клучно – целосна посветеност од фудбалерите“, вели Лопетеги.
Тој исто така смета дека и на СП во Русија ќе можеше да направи поголем успех од елиминацијата од Русија во осмина-финалето.
„Две години немавме пораз, а игравме против Германија, Франција, Белгија, Англија, Италија. Доминиравме во сите мечеви. Којзнае што ќе се случеше на Светското првенство, но бевме подготвени, имавме големи надежи и сакавме да стигнеме многу далеку“, додава Шпанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

