Спорт
Лоши вести за Реал – Куртоа повторно се повреди

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа доживеа нова повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната.
Белгискиот голман од почетокот на сезоната нема среќа. Ги скина лигаментите во коленото пред почетокот на сезоната, рехаблитиацијата одеше според планот, прогнозите беа дека наредниот месец ќе се врати на терените, но само што почна да тренира, доживеа нова повреда.
Овој пат на тренинг го повреди менискусот на десното колено. Куртоа во солзи го напуштил тренингот.
Според првите проценки, не се работи за сериозна повреда како претходната, но веројатно ќе мора да оди на операција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познато е колку долго ќе отсуствува Маркез
Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки.
На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе ќе се знае кога ќе пристигне во Мадрид и ќе изврши подетални прегледи.
Прегледите во главниот град на Шпанија, покажале дека има фрактура во основата на коракоидниот процес на клучната коска и повреда на лигаментот на рамото. Инаку, новата фрактура нема никаква врска со претходните повреди што ги имаше Шпанецот.
Лекарите кои се грижат за состојбата на Маркез се одлучија за конзервативен пристап кон закрепнувањето, што вклучува одмор и мобилизација на повреденото рамо додека повредата не заздрави, што значи дека новиот шампион сигурно нема да вози во Австралија и Малезија.
Во отсуство на Маркез, се очекува во следните две трки да вози тест-возачот на италијанскиот тим, Микеле Пиро.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“ од 17 до 19 октомври.
Спорт
„Секој може да ја победи Барселона, нема да ја освојат Лигата на шампионите“

Тони Крос, легендарниот германски играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик.
Крос ја пофали актрактивноста и ги истакна клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите.
Кроос верува дека играта на Барселона е една од најзабавните за гледање во Европа, но нивната „опсесија“ секогаш да играат на ист начин ги прави исклучително ранливи.
„Барса има еден од најатрактивните стилови, ако не и најатрактивниот во цела Европа, но мислам дека преземаат премногу ризици. Кога Педри, Ламин Јамал или Рафиња имаат лош ден, секој тим може да ги победи“, рече Крос.
Тој додаде дека токму тоа ги спречува да бидат конкурентни за титулата во Лигата на шампионите.
„Можат да ги елиминираат од Лигата на шампионите. Минатата година тоа веќе им се случи со Интер, а оваа година, во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето или финалето, во еден момент ќе се сретнат со таков противник кој ќе ги нокаутира. Тоа ќе им се случи во Лигата на шампионите, нема да им се случи во Шпанската лига бидејќи се многу доминантни.“
Германецот особено ги нагласи проблемите што се јавуваат во последните минути од натпреварите, кога заморот ги погодува играчите, а тактичкиот пристап останува ист.
„По 75 минути, забележувате дека сите се поуморни и гледате дека не го менуваат стилот на затворање на просторот. Ако сте уморни и не го менувате стилот на играта, станува многу јасно во каков проблем сте“, заклучи Крос.
Foto/ EPA
Спорт
УЕФА им даде зелено светло на Барселона и Милан

Плановите Барселона и Милан, првенствени натпревари да одиграат во Мајами и во Австралија ќе добијат зелено светло, откако од УЕФА изјавија дека не се согласуваат со предлогот, но и дека истиот нема да го блокираат.
И покрај силното противење од навивачките групи низ Европа, согласноста од европската фудбалска организација (УЕФА) беше клучен чекор за реализација на плановите за играње на натпреварите Виљареал-Барселона на 20 декември во Мајами и Милан-Комо во февруари во Перт.
УЕФА изјави дека поради отсуство на јасни правила, ФИФА не може формално да го спречи играњето на споменатите натпревари, што многу навивачи го сметаат за закана за односот меѓу клубовите и нивните локални заедници.
„Иако е жално што овие два натпревари мора да се играат, оваа одлука е исклучок и не треба да се гледа како преседан“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
УЕФА додаде дека „активно ќе учествува во тековната работа предводена од ФИФА“, така што идните правила „ќе го зачуваат интегритетот на домашните натпреварувања и блиската врска на клубовите со нивните навивачи и заедници“.