Спорт
Ловрен направил скандал со новинарите по триумфот над Мароко

Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои бронзениот медал на Светското првенство победувајќи го Мароко со 2:1, a по големиот успех се сличил и скандал кој го предизвикал Дејан Ловрен во микс зоната навредувајќи неколку хрватски новинари.
Како што информираат медиумите од Хрватска, сѐ започнало со тоа што Ловрен поминал покрај новинарите без да даде изјава. Откако ја напуштил микс зоната, еден од новинарите се насмеал. Ловрен го слушнал и се вратил почнувајќи да навредува некои од новинарите.
„Не, вие не сте горди на овој успех. Вие сте еден од ретките што не плукаше од почетокот и не веруваше“, викал Ловрен, а кога новинарот му одговори дека не е вистина, хрватскиот стопер бил уште погласен:
„Еве и сега ме исмејуваш, смрдливец ниеден. Ти и овој господин. Не го снимивте тоа, нели?“, извика Ловрен.
„Не се однесувајте вулгарно, нема смисла да кажувате такви зборови пред 30 луѓе“, се обиделе да го смират Ловрен дел од новинарите.
„Па, тоа е вистината“, одговорил фудбалерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер се откажа од Де Брујне

Фудбалскиот клуб Интер Мајами се откажа од правото да започне преговори со играчот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.
Би-Би-Си објави дека Интер имал ексклузивно право да преговара со Де Брујне во рамките на МЛС лигата, доколку белгискиот фудбалер одлучи да ја продолжи кариерата во Америка.
Тимот од Мајами имаше рок до средината на јули да одлучи дали сака да го потпише Де Брујне, но извор близок до клубот изјави дека раководството на Интер се откажало од таа опција.
Првиот следен клуб од МЛС кој сега има право да започне преговори со белгискиот интернационалец е Чикаго.
Договорот на Де Брујне со Манчестер сити истекува на 30. јуни оваа година.
Тој во април објави дека ќе го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната.
Белгиецот освои 16 трофеи за десет години во Сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и трофејот од Лигата на шампионите во 2023 година.
Спорт
Јамал: Ќе го одржам ветувањето ќе донесам трофеј во Барселона

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, беше тажен откако со неговиот тим беше елиминиран од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Блауграна“ доживеа елиминација и покрај тоа што во реваншот успеа да се врати по негативата од два гола, а од 88.минута имаше предност 2:3.
На крајот, фудбалерите на Интер се пласираа во финалето со победа од 4:3.
„Дадовме сѐ од себе, не беше можно оваа година, но ќе се вратиме, немојте да се сомневата во тоа. Нема да застанеме додека не го ставиме овој клуб таму каде што заслужува да биде, на врвот“, напиша Јамал на „Инстаграм“.
„Ќе го одржам ветувањето и ќе и донесам трофеј на Барселона, нема да застанеме додека не го освоиме. Но, недела е уште едно финале и сите мора да бидеме заедно“, истакна тој.
Јамал одигра уште еден врвен натпревар, но може да се каже дека беше и трагичар. Една минута пред израмнувачкиот гол на Интер за 3:3, тој ја погоди стативата, а во 114.минута голманот на Интер, Јан Зомер со нестварна интервенција го спречи да постигне гол.
Во финалето, Интер ќе игра со подобриот тим од дуелот ПСЖ-Арсенал.
Спорт
ПСЖ или Арсенал, Интер го чека противникот во финалето

Вечера во Париз ќе биде познат противникот на Интер во финалето во Лигата на шампионите. На „Паркот на принцовите“, ПСЖ со предност од 1:0 ќе го пречека Арсенал, во полуфиналниот реванш.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот изјави дека целосно верува оти неговиот тим може да го добие реваншот и дека ќе биде потребно нешто извонредно за да се квалификува во финалето на Лигата на шампионите.
„Одиме во Париз по победа и верувам дека можеме да ја оствариме. Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите или да бидете во финалето, мора да направите нешто извонредно во некоја фаза од натпреварувањето“, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Тој истакна дека неговиот тим може да ја повтори добрата игра од Лондон, освен во првите 15 минути кога ПСЖ беше подобриот противник.
„Ќе направиме сè за да го оствариме тоа на теренот. Убеден сум дека можеме да успееме. Имам исто чувство како и против Реал Мадрид“.
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по првиот натпревар од двомечот изјави дека неговиот тим го покажал својот вистински менталитет и додаде дека очекува многу тежок и тесен втор натпревар.
„Тимот се чувствува одлично, едвај чекаме да започне натпреварот. Сакаме да им покажеме на Парижаните за што сме способни и да обезбедиме место во финалето. Ова е еден од највозбудливите натпревари, со оглед на неговото ниво, важноста за клубот и целта – освојување на Лигата на шампионите. Сега сме на еден чекор од финалето“, рече десниот бек на ПСЖ, Ашраф Хакими.
Двата тима влегуваат во реваншот откако загубија во националните шампионати. Арсенал загуби од Борнмут (1:2), додека Пари Сен Жермен, кој веќе го освои француското првенство, беше поразен од Стразбур (1:2).
И двата клуба никогаш не ја освоиле Лигата на шампионите, по еднаш играле во финалето, Пари Сен Жермен стигна до финалето во 2020 годин (пораз од Баерн Минхен 1:0), додека Арсенал го стори тоа во 2006 година (пораз од Барселона 2:1).
Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 31 мај во Минхен.