Спорт
ЛШ: Барса лесно во Украина, Кил го „растури“ Загреб

Кил имаше супериорна 31:21 победа на гостувањето кај ППД Загреб, додека Барселона исто така без проблеми стигна до гостинска победа кај Мотор Запорожје (25:30), за комплетирање на натпреварите од првото коло од ЕХФ Лигата на шампионите во групата Б.
Во „Арена Загреб“, бундеслигашот покажа дека не се шегува уште во првото полувреме, кога дозволи домаќините да постигнат само шест гола, за потоа во второто полувреме да го „доврши“ противникот. Сандер Сагосен со седум гола и Никлас Екберг со шест гола беа лидери кај Кил, додека кај „плинарите“, Филип Вистороп имаше шест гола.
За Каталонците, блесна Алекс Гомез со 10 постигнати голови, Лука Циндриќ постигна пет, а за Запорожје, Аиденас Маласинскас имаше седум гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО, ГРУПА Б
Мотор Запорожје – Барселона 25:30 (11:13)
ППД Загреб – Кил 21:31 (6:14)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лудница на Турф Мур, Барнли се врати во Премиер лигата

По Лидс и Барнли, на две кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип обезбеди пласман во Премиер лигата.
Неизвесно е само кој ќе биде шампион во Чемпионшип, бидејќи двата клуба сега имаат по 94 бода на првите две места.
Во битката за титулата во Чемпионшип, Лидс ќе го пречека Бристол Сити, а во последното коло ќе му гостува на Плимут. До крајот на сезоната Барнли има гостување кај Квинс Парк Ренџерс и дуел со Милвол на домашен терен.
PARTY TIME AT TURF MOOR AND ELLAND ROAD! 🎆
Burnley and Leeds are back in the Premier League! 🤝 pic.twitter.com/8JyKu5jHlD
— Sky Sports Football (@SkyFootball) April 21, 2025
Во 44. коло Лидс беше убедлив против Стоук (6:0), додека Барнли во директна пресметка за директен пласман го победи Шефилд јунајтед (2:1).
А по последниот свиреж на судијата настана општ хаос на „Турф Мур“. Играчите дури мораа да бидат заштитени од редарите од навивачите кои втрчаа на теренот за да го прослават враќањето на нивниот тим во Премиер лигата.
Players are having to be separated at Turf Moor as Burnley begin their promotion celebrations 😳🟣 pic.twitter.com/WOAeuSLJtN
— Sky Sports Football (@SkyFootball) April 21, 2025
Спорт
Чаби Алонсо може да замине, но само во некој од неговите поранешни клубови

Се погласни се гласините дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и дека е потенцијална замена за Карло Анчелоти.
Кон крајот на минатата сезона Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул, но ниту еден момент не сакаше да се вмеша во никакви шпекулации. Имаше мисија, да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер без пораз стана германски шампион.
Алонсо и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим и натпреварите кои претстојат, но медиумите повторно се занимаваат со шпекулации.
Едно е сигурно дека Баер нема да му застане на патот на Алонсо доколку тој сака да го напушти клубот.
Алонсо има излезна клаузула во договорот, која ја потврди и Баер.
„Доколку се појави клуб за кој играше Чаби во кариерата, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да го спречиме ако сака да си замине“, изјави Фернандо Каро де Прада, извршен директор на тимот од Леверкузен.
„Чувството е дека шансите се 50:50. Нема да чекаме до крајот на сезоната. Мораме да донесеме одлука што поскоро бидејќи тоа влијае на нашите планови, на тимот и на подготовките. И ние и Чаби сме свесни за тоа. Тоа е одлука што не можеме да ја одложиме и таа мора да биде донесена релативно брзо”, изјави Каро за „Скај Спорт Германија“.
Според информациите, менаџерот на Алонсо веќе е во контакт со Реал и одлуката ќе биде позната многу брзо.
Спорт
Ѓоковиќ: Не знам кога ќе се пензионирам, дали ти знаеш?

Новак Ѓоковиќ за точно еден месец полни 38 години, многумина се прашуваат уште колку ќе игра, меѓу нив е и новинарот на шпански „АС“.
„Не знам, дали ти знаеш“, возврати со смеа најдобриот тенисер на сите времиња, додека Шпанецот инсистираше да добие одговор: „Не знам, да почекаме“.
Ѓоковиќ синоќа беше во Мадрид на доделувањето на наградата Лареус на најдобрите спортисти во светот. Тој му ја врачи наградата на брилијантниот шведски атлетичар Арман Дуплантис.
😱 ¡@DjokerNole habla sobre su retiro! pic.twitter.com/ptSzIQJ5r1
— Diario AS (@diarioas) April 21, 2025