Спорт
ЛШ: Џака се врати, Арсенал пак загуби, Лацио ги заддржа шансите (видео)
Престојот на Унаи Емери на клупата на Арсенал се доближува до својот крај, откако „топчиите“ пред малубројната домашна публика успеа да загуби со 1:2 од Ајнтрахт Франкфурт во 5. коло од Лига Европа, по што ќе патува во Белгија за дуел со Стандард Лиеж знаејќи дека со пораз се блиску до елиминација.
Покрај ова, Емери реши мечот да го стартува со поранешниот контроверзен капитен на екипата Гранит Џака, кој доби свирежи од публиката кога беше претставуван. Пјер-Емерик Обамејанг во финишот на првото полувреме донесе водство за Арсенал, меѓутоа, Јапоенцот Даичи Камада стрелаше во 55. и 64. минута за победа на „орлите“ од Франкфурт.
Лацио пак, со голот на Хоакин Кореа стигна до минимална 1:0 победа над романскиот ЦФР Клуж за да остане со теоретски шанси за пласман во нокаут фазата. Клуж има 9 поени, а Лацио 6 по пет кола, а во последното Лацио гостува на „отпишаниот“ Рен, додека романскиот клуб го пречекува веќе квалификуваниот Селтик.
ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО
ГРУПА А
Дуделанж – АПОЕЛ 0:2
Севилја – Карабаг 2:0
Табела: 1.Севилја 15, 2.АПОЕЛ 7, 3.Карабаг 4, 4.Дуделанж 3
ГРУПА Б
Лугано – Копенхаген 0:1
Малме – Динамо Киев 4:3
Табела: 1.Копенхаген 9, 2.Малме 8, 3.Динамо Киев 6, 4.Лугано 2
ГРУПА Д
Розенборг – ЛАСК Линц 1:2
Спортинг Лисабон – ПСВ Ајндховен 4:0
Табела: 1.Спортинг 12, 2.ЛАСК 10, 3.ПСВ 7, 4.Розенборг 0
ГРУПА Е
Селтик – Рен 3:1
Лацио – ЦФР Клуж 1:0
Табела: 1.Селтик 13, 2.Клуж 9, 3.Лацио 6, 4.Рен 1
ГРУПА Ф
Арсенал – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Виторија Гимараеш – Стандард Лиеж 1:1
Табела: 1.Арсенал 10, 2.Ајнтрахт 9, 3.Стандард Л. 7, 4.Гимараеш 2
АРСЕНАЛ – АЈНТРАХТ
ЛАЦИО – КЛУЖ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

