Спорт
ЛШ: Луди пресврти на ПСЖ и Тотенхем, Лева и Баерн ја „демолираа“ Звезда (видео)
Пари Сен-Жермен повторно се покажа како непремостлива пречка за Реал Мадрид, откако „кралевите“ на Зинедин Зидан пропуштија водство од 2:0 во последните 10 минути од мечот и одиграа само 2:2 на „Сантијаго Бернабеу“ во дербито од петтото коло од Лигата на шампиони.
Тотенхем на Жозе Мурињо покажа одлична истрајност, враќајќи се од 0:2 негатива за 4:2 победа над Олимпијакос. Јувентус со голчиштето на Пауло Дибала стигна до минимална 1:0 победа над Атлетико Мадрид, додека балканските претставници немаа многу среќа – Баерн Минхен ја „уништи“ Црвена звезда среде Белград (0:6), додека Динамо Загреб загуби со 2:0 на „Сан Сиро“ од Аталанта за да ја искомпликува ситуацијата во групата Д.
Карим Бензема во 17. и во 79. минута покажа дека е во одлична форма со два гола за Реал, меѓутоа, прво Килијан Мбапе во 81. минута, а потоа Пабло Сарабија во 83. минута ја анулираа оваа предност на домашниот тим за фрустрирачки резултат за Зидан.
Мечот во Мадрид исто така беше одбележан со еден од најбизарните примери за користењето на ВАР-технологија. При крајот на првото полувреме, судијата прво покажа црвен картон за голманот Тибо Куртоа и пенал за ПСЖ, за по прегледувањето на снимките да одлучи да даде слободен удар на половината на ПСЖ!
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
ГРУПА А
Галатасарај – Клуб Бриж 1:1
Реал Мадрид – Пари Сен-Жермен 2:2
Табела: 1.ПСЖ 13, 2.Реал Мадрид 8, 3.Бриж 3, 4.Галатасарај 2
ГРУПА Б
Тотенхем – Олимпијакос 4:2
Црвена звезда – Баерн Минхен 0:6
Табела: 1.Баерн М. 15, 2.Тотенхем 10, 3.Црвена звезда 3, 4.Олимпијакос 1
ГРУПА Ц
Манчестер сити – Шахтјор 1:1
Аталанта – Динамо Загреб 2:0
Табела: 1.Манчестер сити 11, 2.Шахтјор 6, 3.Динамо З. 5, 4.Аталанта 4
ГРУПА Д
Локомотив Москва – Баер Леверкузен 0:1
Јувентус – Атлетико Мадрид 1:0
Табела: 1.Јувентус 10, 2.Атлетико Мадрид 7, 3.Баер Л. 6, 4.Локомотив М. 3
РЕАЛ МАДРИД – ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН
ТОТЕНХЕМ – ОЛИМПИЈАКОС
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БАЕРН МИНХЕН
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ШАХТЈОР
ЈУВЕНТУС – АТЛЕТИКО МАДРИД
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грција ја декласира Италија, го освои бронзениот медал на ЕП
Грчката ватерполо репрезентација, прв пат во историјата, овои медал на европските првенства.
На шампионатот во Белград, во борбата за третото место, Грција ја победи Италија со 12:5 (5:1, 2:1, 3:2, 2:1) и со тоа го освои бронзениот медал.
Аргиропулос ги предводеше Грците до овој историски бронзен медал со четири гола, додека за Италија Фереро и Кондеми постигнаа по два гола.
Грција феноменално го започна натпреварот за третото место. Ги затвори сите приоди кон својот гол, а под водство на Аргиропулос (два), Гувексис и Какарико, стигна до 4:0.
Се очекуваше реакција на Италија во втората четвртина, но такво нешто не се случи.
Грција одигра совршен натпревар, дојде до 7:1. Во тој момент, единствената дилема беше, со колкава разлика ќе победата Грците.
Инаку, финалето е закажано за 20.30 часот, за златото ќе се борат Србија и Унгарија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Историско остварување на Микаела Шифрин
Американската скијачка Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на алпското скијање. Таа во неделата го освои рекордниот деветти кристален глобус во слалом.
Шифрин го постигна ова извонредно достигнување со победата на трката од Светскиот куп во Шпиндлеров Млин, со што уште еднаш ја потврди својата апсолутна доминација во најтехничката дисциплина.
Со овој успех, Шифрин стана првата скијачка во историјата на Светскиот куп, во машка и женска конкуренција, со девет титули во една дисциплина во текот на повеќе од 60 години од натпреварувањето. Претходниот рекорд го држеше Американката Линдзи Вон, која беше најдобра во спуст осум пати.
Шифрин, триумфираше со вкупно време од 1:37,59 минути. Ова беше нејзина седма победа во осум трки во слалом оваа сезона, што дополнително зборува за континуитетот на нејзината форма и исклучителна стабилност.
Во Шпиндлеров Млин ја забелажа 71 победа во слалом, а има рекордни 108 победи во Светскиот куп.
Mikaela Shiffrin has done it! 🙌
She claimed her NINTH Slalom Globe today with this stunning run 💪 pic.twitter.com/YzfWkAdSO8
— TNT Sports (@tntsports) January 25, 2026
Второто место на денешната трка го зазеде Швајцарката Камила Раст, која заостануваше 1,67 секунди, додека третата беше Германката Ема Ајхер со време 2,18 секунди побавно од победничката.
Во генералниот пласман на слалом, Шифрин убедливо води со 780 поени, пред Раст, која има 492, додека третата е Швајцарката Венди Холденер со 358 поени.
Кога станува збор за генералниот пласман на Светскиот куп, Американката е исто така во водство со 1.133 поени, пред Раст (963) и Ајхер (684).
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA

