Спорт
ЛШ: Нант убедливи против Сегед, драма меѓу ГОГ и Динамо
По тешкиот пораз од Кјелце во првото коло, Нант ја забележа првата победа во новата сезона во Лигата на шампиони на ЕХФ, доминирајќи над Пик Сегед за 35:30 победа, додека Динамо Букурешт со импресивен камбек стигна до 38:38 реми на гостувањето кај данскиот ГОГ
Во израмнетото прво полувреме, Нант успеа да дојде до предност од два гола, по што во второто, предводени од десетте гола на Валеро Ривера стигнаа до убедлива победа. Линус Персон додаде 5 гола за францускиот тим, додека за Сегед најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со 9 постигнати гола.
Во Данска пак, романскиот Динамо покажа дека е мајстор на враќање во игра. Во првото полувреме, домаќините имаа предност од четири гола, за на полувреме Динамо да се врати за 21:20 негатива, додека во второто губеа со шест гола (27:21), за да се вратат за заслужен поен. Андриј Анименко беше најефикасен за гостите со седум гола, Лазар Кукиќ имаше шест, додека за ГОГ, Симон Питлик и Емил Мадсен имаа по девет гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО
ГРУПА А
ГОГ – Динамо Букурешт 38:38 (21:20)
Магдебург – ППД Загреб 20.45 ч.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-42851”));
ГРУПА Ц
Нант – Пик Сегед 35:30 (17:15)
Барселона – Кјелце 20.45 ч.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-42851”));
–
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

