Спорт
ЛШ: Салцбург со победа во Израел, Краснодар со пресврт против ПАОК
Краснодар и Ред Бул Салцбург се двата тима кои имаат предност по првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите, додека Славија Прага и Митјиланд одиграа 0:0.
Салцбург губеше од Макаби Тел Авив од деветтата минута, но на крајот успеа да стигне до 2:1 победа благодарение на головите на Доминик Собослаи (од пенал) и Масаја Окугава.
Во Русија пак, ПАОК не успеа да ја оддржи раната предност против Краснодар, кои стигнаа до 2:1 триумф. Димитриос Пелкас прво утна пенал, пред да ги донесе ПАОК во водство во 32. минута. Рускиот клуб се врати во игра со пенал пред крајот на полувремето, пред Реми Кабелја да им донесе победа на Краснодар.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПЛЕЈОФ, 1.МЕЧ
Краснодар (Рус) – ПАОК (Грц) 2:1
Макаби Тел Авив (Изр) – Ред Бул Салцбург (Авт) 1:2
Славија Прага (Чеш) – Митјиланд (Дан) 0:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

