Спорт
Луд камбек на Олимпик Марсеј – губеа 0:2 по 11 минути, на крајот победија со 5:2!

Дуелот на „Велодром“ помеѓу Олимпик Марсеј и Анжер донесе еден куп голови и навистина импресивен камбек на домаќините, кои се вратија од 0:2 негатива по само 11 минути игра за да стигнат до супериорна 5:2 победа.
Ѕвезда на тимот на Хорхе Сампаоли беше поранешниот напаѓач на Наполи, Полјакот Аркадијуш Милик, кој одговори со хет-трик откако Анжер поведоа во 8. минута преку Фулгини, за во 11. минута Бенталеб да зголеми на 0:2. Милик одговори во 18. минута, пред Жерсон да израмни во 21. минута на 2:2, резултат со кој се отиде на полувреме.
Во 70. Милик ги донесе ОМ во водство, за осум минути подоцна да го постигне и третиот гол, откако претходно во 780 минути игра оваа сезона имаше само еден гол. Ченгиз Ундер со прекрасен гол во 85. минута стави точка на натпреварот.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-4-37167”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На Левандовски му украле часовник вреден 75.000 евра додека се дружел со фановите на Барса

Новото засилување на Барселона, Роберт Левандовски, бил ограбен пред денешниот тренинг додека се дружел со навивачите на Барселона, пишуваат шпанските медиуми. Полскиот интернационалец застанал со својот автомобил да се фотографира со навивачите. Во тој момент крадците насилно му одзеле часовник вреден 75.000 евра и побегнале.
Левандовски се обидел да ги фати, изјавија сведоци за Мундо Депортиво, но не успеал во својата намера.
Подоцна крадците биле пронајдени од каталонската полиција, а часовникот наводно бил сокриен под дрво.
Спорт
Енис Фазлагиќ ќе го носи дресот на Дунајска Стреда

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Фазлагиќ во новата сезона ќе го носи дресот на словачкиот прволигаш Дунајска Стреда. Тој доаѓа како позајмен играч од Висла Краков, откако полскиот клуб лани испадна од елитното друштво на оваа земја.
„Моите први впечатоци се одлични. Имам одиграно натпревар на стадионот на Дунајска Стреда и знаев какви се условите. Драго ми е што потпишав за овој тим бидејќи ДАЦ е еден од најголемите клубови во Словачка. Знам како функционира клубот, какви неверојатни навивачи има и модерен стадион. Веднаш реков „да“ на понудата. Ќе се трудам максимално да работам на себе на секој тренинг, да се усовршувам и да дадам се од себе на натпреварите“, изјави Енис Фазлагиќ по потпишувањето на договорот со Дунајска Стреда.
Енис Фазлагиќ во минатиот прозорец од Лигата на нации дебитираше и за сениорскиот национален тим на Македонија.
Спорт
ЖФК Љуботен декласиран од Сент Полтен во квалификациите за ЛШ

Женскиот фудбалски првак ЖФК Љуботен доживеа убедлив пораз (7-:0) од австрискиот шампион Сент Полтен во првиот меч од квалификацискиот турнир за пласман во Лигата на шампионите. На комплексот на ФФМ во Скопје, фудбалерките на Љуботен беа комплетно надиграни и убедливо поразени.
Сент Полтен по првото полувреме имаше три гола предност, а стрелци беа Миколајова, Звер и Мејер.
Во вториот дел, серијата голови ја продолжија повторно Мејер, Фукс и Шумахер, а Ратковиќ си постигна автогол.