Спорт
Луда драма меѓу Флензбург и ПСЖ

Флензбург за малку ќе пропуштеше предност од 9 гола разлика (19:10) на полувреме, за на крајот да стигне до 28:27 победа над Пари Сен-Жермен за да се одвои на второто место на табелата во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, додека Кјелце победи кај Сегед со 30:26 за да остане на првото место.
Бундеслигашот имаше неверојатно прво полувреме, во кое апсолутно го декласираше тимот на Раул Гонзалез, меѓутоа ПСЖ кои пристигнаа во Германија со низа од пет победи во ЛШ, се вратија и го однесоа натпреварот во трилер завршница.
На 33 секунди пред крајот, ПСЖ со голот на Недим Ремили успеа да дојде на 27:28, а потоа Флензбург незамисливо да ја загубат топката. Ремили во брзата контра ја погоди само стативата.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Пик Сегед – Кјелце 26:30 (14:14)
Флензбург – Пари Сен-Жермен 28:27 (19:10)
Табела: 1.Кјелце 19, 2.Флензбург 17, 3.ПСЖ 12, 4.Мешков 11, 5.Сегед 10, 6.Порто 8, 7.Вардар 6, 8.Елверум 5.
ГРУПА Б
Мотор Запорожје – Алборг 27:29 (15:14)
Нант – Кил 24:24 (12:9)
ППД Загреб – Веспрем 28:35 (11:17)
Табела: 1.Барселона 26, 2.Веспрем 17, 3.Алборг 14, 4.Кил 12, 5.Мотор 12, 6.Нант 11, 7.Целје 6, 8.Загреб 0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кошаркарите на Уникаха ја освоија Лигата на шампионите со победа на Галатасарај

Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град.
Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 асистенции, Кендрик Пери додаде 13 со 4 скока и 3 асистенции, а 13 и 11 скокови имаше Тајсон Перес, додека Тајлер Калиноски имаше 11 поени и исто така беше двоцифрен.
На другата страна, имаше 14 поени на Тајрон Валас, а толку имаше и Вил Каминџ, додека 12 запиша Робертс Блумберг, а Џејмс Палмер 11 со по 4 скока и асистенции.
Спорт
Македонската ракометна репрезентација оди на Европско, вечерва ја победи Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја победи Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и обезбеди пласман на 17. Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Скандинавија.
Македонија ја победи Литванија со 26:17. Литванците поведоа на почетокот на натпреварот со 0:4, но во вториот дел Македонија доминираше и победи со девет гола разлика.
Европското првенство ќе се одржи во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Жрепката за групната на Европското првеснтво ќе биде в четврток.
Спорт
Барса го нокаутира Реал, публиката виде спектакуларни седум гола на натпреварот

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3.
Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.
Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.
Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.
Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2:0, со два гола на Килијан Мбапе.
Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.
Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1:2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.
Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4:2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4:3.
Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.