Спорт
Луди сцени во Холандија – српскиот голман на Севилја нападнат од хулиган на ПСВ
ПСВ Ајндховен стигна до 2:0 победа над Севилја во реваншот од баражот за Лига Европа, која беше недоволна за пласман по 3:0 побдата на шпанскиот клуб во првиот меч, а по крајот на мечот имаше невројатна ситуација во која српскиот голман на Севилја, Марко Дмитровиќ беше нападнат од еден навивач на ПСВ.
Сепак, Дмитровиќ одлично се снајде, соборувајќи го навивачот на земја, и држејќи го додека обезбедувањето пристигна и го изнесе од стадионот.
At full time of Sevilla eliminating PSV from the Europa League, a fan ran on to the field to attack Sevilla keeper Marko Dmitrović.
Dmitrović pinned him down until security took him away 😳 pic.twitter.com/CRKGxTQCwe
— B/R Football (@brfootball) February 23, 2023
Sevilla had a difficult evening, and goalkeeper Marko Dmitrovic was attacked by a fan during the second half of the game.
However, it appeared to backfire for the supporter, who has seen being suppressed by the Serbian stopper.pic.twitter.com/axwkfNPbN1
— Football España (@footballespana_) February 23, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брендан Роџерс најде работа во Саудиска Арабија
Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија.
Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна.
Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела.
„Ова е навистина историски момент за клубот. Тренер од калибарот и искуството на Брендан ги одразува нашите амбиции и долгорочната визија што ја има Ал Кадисија како еден од водечките клубови“, рече Џејмс Бизгроу, поранешниот извршен директор на Ренџерс, а сега на саудискиот клуб.
Кадисија е на петтото место на табелата со 17 бода, десет помалку од лидерот Ал Наср, но е и во центарот на вниманието бидејќи се споменува како клуб кој би бил подготвен да го сруши рекордот за трансферот на Мохамед Салах.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ф1 се враќа во Португалија
Од 2027 година, Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1.
Трките ќе се возат на патеката Алгарве, во близина на Портимао, која беше домаќин на две Гран При трки за време на пандемијата ковид-19, во 2020 и 2021 година.
Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Португалија, која ќе се одржи на патеката Зандворт за последен пат следната година.
Патеката Портимао е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е високо ценета поради предизвиците што им ги поставува на возачите.
Се наоѓа во рурална област северно од брегот и исто така има репутација како патека со проблематичен пристап.
„Многу сум задоволен што Портимао се враќа во календарот на Формула 1 и што спортот продолжува да ја поттикнува страста на нашата неверојатна португалска база на фанови“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Патеката нуди возбудувања од првата кривина до целта, а нејзината енергија ги крева фановите на нозе. Интересот и побарувачката за домаќинство на Големата награда на Формула 1 се поголеми од кога било досега“, додаде шефот на Ф1.
Луис Хамилтон ги освои претходните две трки, возејќи за Мерцедес.
Неговата победа во 2020 година го направи апсолутен рекордер по бројот на победи во трките во Формула 1, бидејќи го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа.
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март 2026 година, со нови правила и нови тимови.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Флег рекордер на Далас, собори и рекорд на Леброн Џејмс
Кошаркарите на Јута Џез ги победија Далас Маверикс по продолжение со 140:133 на домашен терен, во НБА лигата.
Натпреварот го обележа, првиот пик на драфтот, Купер Флег, кој постигна рекордни 42 поени со седум скока и шест асистенции, што е негов рекорд во кариерата.
Флег, стана најмладиот играч во историјата на Мавс кој постигнал најмалку 40 поени во еден натпревар.
Тој исто така постигна најмногу поени, како играч помлад од 18 години, надминувајќи го рекордот на Леброн Џејмс од 2003 година од 37 поени.
Сепак и покај брилијантниот натпревар што го одигра Флег, Далас не успеа да победи во Солт Лејк Сити.
Од друга страна, Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ со 37 поени со пет скока и шест асистенции, ова беше негов втор најдобар настап во НБА.
Foto/ LaPresse

