Спорт
Луис Енрике седна на „жешкото“ столче во Париз

Пари Сен-Жермен потврдија дека поранешниот шпански селектор и тренер на Барселона, Луис Енрике е замената на Кристоф Галтие, потпишувајќи двегодишен договор со францускиот шампион.
„Пресреќен сум што доаѓам во Париз за ново фудбалско искуство. Возбудливо е да се сретнат нови луѓе, да се живее во овој фантастичен град, да се научи нов јазик и најважно, да се биде тренер на Пари Сен-Жермен“, вели Енрике.
53-годишниот Луис Енрике во својата кариера беше фубалер на Спортинг Хихон, Реал Мадрид и Барселона, за во 2008 да стане Б-тренер на Барелона, пред да се пресели во Рома, па да се врати во Селта Виго, за во 2015 година со Барселона да стигне до историска тројна титула. Тој си замина од Барса во 2017 година, по што од 2018 до јуни 2019, и од ноември 2019 до декември 2022 беше селектор на Шпанија.
🗣💬 Luis Enrique: "I have no doubt that we will have a great team."#PSGlive I #WelcomeToParisLuisEnrique pic.twitter.com/qIGuUtrBVV
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 5, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин