Спорт
Луис Суарез спречил човек да изврши самоубиство

Луис Суарез, легендарниот уругвајски фудбалер, покажа дека не е само херој на теренот.
Големиот ас направи восхитувачки подвиг во приватниот живот. Спречи маж да си го одземе животот.
Суарез, кој моментално настапува за Интер Мајами, ја искористи паузата за да замине на одмор во родниот Уругвај. Наишол на човек кој закачил јаже од дрво и се подготвувал да се обеси.
Рекол дека ќе се самоубие доколку не се појави неговата девојка. На местото случајно се појавил Суарез и по неколкучасовно убедување заедно со сопругата и неколку полицајци успеале да го одвратат мажот од намерата.
Суарез за репрезентацијата на Уругвај одигра 143 натпревари и постигна 69 голови. Во блескавата кариера во Европа ги носеше дресовите на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
🙏Luis #Suárez colaboró en el rescate de un hombre que intentó quitarse la vida en Uruguay 🇺🇾
📌El delantero y su esposa Sofia Balbi, dialogaron y lograron persuadir al sujeto junto a las fuerzas de seguridad
📌El hombre se encontraba colgado en un árbol a seis metros de altura… pic.twitter.com/ajA36FKKD9
— doble amarilla ⭐️⭐️⭐️ (@okdobleamarilla) January 5, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вокер не знае каде ќе игра наредната сезона

По осум години Кајл Вокер го напушти Манчестер Сити и замина на позајмица во Милан, меѓутоа прашање е дали ќе остане во Италија.
Вокер во последната година имаше многу проблеми со повредите, поради што го загуби местото во составот на Манчестер Сити. Поради тоа реши да го напушти „Етихад“.
Милан го донесе на позајмица до крајот на сезоната, сепак како што сега стојат работите нема да го задржат за следната сезона.
Причината повторно се честите повреди. Репрезентативецот на Англија поради повреда го пропушти дуелот со Удинезе во претходното коло, а претходно пропушти два меча на крајот на февруари исто така поради повреди.
Вокер сигурно нема да се врати во Манчестер Сити. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а „граѓаните“ не планираат да му понудат нов. Сега се поставува прашањето каде десниот бек ќе ја продолжи кариерата на лето доколку Милан реши да не го задржи.
Спорт
Хуманитарен натпревар – Вардар против Црвена звезда

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена звезда.
Според последните информации за натпреварот се продадени преку 20.000 билети. Средтсвата ќе им бидат донирани на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Натпреварот ќе започне во 20 часот, директен пренос ќе има на МРТ и каналот „Арена Премиум 3“.
Спорт
Менаџерот на Далас: Не жалам за Дончиќ

Нико Харисон, менаџерот на Далас Маверикс, уште еднаш објасни зошто го трејдувал Лука Дончиќ и повтори дека „одбраната носи титули“. Една од најголемите НБА ѕвезди од Далас се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.
Харисон го повтори својот став во вторникот во разговор со новинарите кои ги следат Далас Маверикс. Во едночасовниот разговор главна тема беше размената на играчи во која Дончиќ пристигна во Лејкерси, а Ентони Дејвис и неколку играчи во Маверикс.
„Воопшто не жалам. Дел од мојата работа е да ги носам најдобрите одлуки за Мавс, не само за денес, туку и за иднината, а некои од одлуките што ќе ги донесам ќе бидат непопуларни. Тоа е моја работа. Морам да застанам зад тие одлуки“, рече Харисон, кој го испрати Дончиќ во Лејкерси по само шест месеци откако Словенецот го предводеше Далас до НБА финалето.
„Нашата филозофија е дека одбраната носи титули, на тоа сме изградени. Ќе повторам, одбраната носи титули“, рече Харисон и подвлече
„Веруваме во потегот што го направивме. Очигледно не верувате, и тоа е во ред. Имате право на свое мислење, но ние сме возбудени. Мислам дека кога ќе победиме, ќе се предомислите”, заклучил Харисон.