Спорт
Лукаку: Не можев веќе во Јунајтед, Интер се совршен клуб за мене
Ромелу Лукаку вели дека Интер се „клубот кој му е потребен“, додавајќи дека веќе едноставно не сакал да биде фудбалер на Манчестер јунајтед.
Лукаку беше главната мета на новиот тренер Антонио Конте, и по долго убедување и преговарање со Јунајтед, Белгиецот беше продаден за 75 милиони евра. Сега, во интервју за „ЕСПН“, Лукаку открива дека го сака Интер и дека не можел веќе да ја трпи ситуацијата кај „ѓаволите“.
„Првото финале на кое се сеќавам дека го гледав беше Интер-Шалке, кога победивме со 3:0 во финалето на УЕФА купот во 1998 година. Ова можеби е тимот кој ми беше потребен. Има љубов за оваа област, љубов за Интер. И моментот за заминување од Англија беше совршен. Не сакав да бидам таму повеќе. Интер е амбициозен клуб кој сака да се врати на врвот и јас сакав да помогнам. Ова е вистинскиот трансфер. Веќе ме прифатија фантастично. За мене е важно да можам да се изразам кон своите соиграчи, да им кажам како ја сакам топката. Сега учам интензивно италијански за да се вклопам уште подобро“, вели Лукаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити ги декласира „милионерите“, Осимен со хет-трик во Амстердам, Самарџиќ во 90-та минута го шокира Марсеј
Европските великани, Ајакс и Бенфика се единствените екипи без освоен бод по првите четири кола во Лигата на шампионите. По вечерашните натпревари, Интер им се приклучи на Баерн и Арсенал, како тим со максимален учинок. Покрај спектакуларниот меч во Бриж, вечерта ја обележа убедливата победа на Манчестер сити над Борусија Дортмунд, хет-трикот на Виктор Осимен против Ајакс и голот на Лазар Самарџиќ во 9-та минута со која Аталанта победи во Марсеј.
Резултати:
Пафос – Виљареал 1:0 (0:0)
/Лукасен 46/
Карабаг – Челзи 2:2 (2:1)
/Андраде 29, Јанковиќ 39П – Естевао 16, Гарначо 52/
Ајакс – Галатасарај 0:3
/Осимен 59, 66П, 78П/
Бенфика – Леверкузен 0:1
/Шик 65/
Клуб Бриж – Барселона 3:3
/Тресолди 6, Форбс 17, 64 – Торес 8, Јамал 61, Циолис 77АГ/
Интер – Каират 2:1
/Мартинез 45, Аугусто 67 – Арад 56/
Манчестер сити – Борусија Д. 4:1
/Фоден 22, 57, Халанд 29, Шерки 90+1 – Антон 72/
Њукасл – Атлетик Билбао 2:0
/Брн 11, Жоелингтон 49/
Марсеј – Аталанта 0:1
/Самарџиќ 90/
Спорт
(Видео) Барселона избегна пораз кај Клуб Бриж
Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците.
Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0.
Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична акција, Фермин Лопес му асистираше на Феран Торес.
Нова предност на Бриж му донесе во 17-та минута. Карлос Форбс совршени реализираше контра напад.
Барселона повторно израмни во 61-та минута. Акција како на плејстејш, Фермин Лопес мајсторски го проигра Ламин Јамал погоди за 2:2.
Само три минути подоцна, Клуб Бриж повторно поведе. Ханс Ванакен го пронајде Карлос Форбс во шеснаесетникот, а Португалецот лобуваше Војчех Шчесни.
Бриж три минути доби пенал, но на повик на ВАР собата Ентони Тејлор го поништи.
А потоа, „ладен туш“ за Бриж.
Во 77-та минута, Барселона повторно израмни, Јамал шутираше, Цолис во обид да блокира ја закачи топката која заврши во голот.
До крајот Бриж постигна гол преку Вемант, кој му ја одзеде топката на голманот Шчесни, но Тејлор повторно доби повик од ВАР собата и голот беше поништен.
Спорт
Реал има договор со Упамекано
Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната.
Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Упамекано на 60 милиони евра.
Заедно со Реал, сериозен интерес покажува и ПСЖ, додека Баерн истовремено работи на продолжување и се обидува да го задржи голманот во клубот.
Упамекано пристигна во Баерн во летото 2021 година од Лајпциг, во трансфер од 42,5 милиони евра. Досега има одиграно 166 натпревари за баварскиот тим и освои шест трофеи, по три во Бундеслигата и Купот на Германија. За француската репрезентација одигра 34 натпревари.

