Спорт
Лукаку нема намера да се врати во Челси
Пред нешто повеќе од една година, Челзи плати 113 милиони евра за трансферот на Ромелу Лукаку (29) и направи грешка.
„Сините“ не го добија она на што се надеваа, Белгиецот не ја „донесе“ во Лондон формата од Интер, каде беше еден од најзаслужните за освојувањето на шампионската титула.
Лукаку западна во голгетерска криза, имаше проблеми со повреди, паузираше поради коронавирусот, на крајот влезе во конфликт со тогашниот менаџер Томас Тухел.
Челзи се согласи да го позајми во Интер на една сезона за осум милиони евра, а се поизвесно е дека Лукаку и следната сезона ќе остане во Милано.
„Газета дело Спорт“, објави дека Лукаку не планира да се врати во Челзи. Наводно изјавил дека „нема ниту такви пари, ниту нешто друго што „сините“ можат да му го ветат“.
Лукаку ужива во Интер, а иако пропушти добар дел од тековната сезона поради повреда, тоа не му го намалува духот. Тој ја санираше повредата и повторно ќе биде на теренот на дербито против Рома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

