Спорт
Лукас Васкез се сели во Леверкузен
Шпанскиот десен бек Лукас Васкез (34) денес треба официјално да стане нов играч на Баер Леверкузен. Фабрицио Романо напиша: „Постигнат е договор со поранешниот десен бек на Реал Мадрид, кој доаѓа во Баер како слободен агент. Лекарските прегледи веќе се извршени тајно, а договорот ќе биде потпишан во вторник.“
Васкез неодамна се збогува со Реал по 18 години во шпанската престолнина. Неговото збогување се случи во сенка на заминувањето на Лука Модриќ, но Васкез исто така беше многу ценет во клубот.
Ова лето, тој ќе ги замени местата со Чаби Алонсо, кој пристигна во Реал од Баер. Тимот од Германија сега го предводи Ерик тен Хаг.
Васкез пристигна во Реал Мадрид во 2007 година како 16-годишник и играше во сите категории на младинската академија, од тимот до 17 години до Кастиља. По една сезона на позајмица во Еспањол, тој го имаше своето деби за првиот тим на Реал Мадрид во септември 2015 година. Оттогаш, тој има 402 настапи за Реал во текот на 10 сезони, еден од најуспешните периоди во историјата на Реал Мадрид.
Тој освои 23 титули со клубот. Освои пет Лиги на шампиони и светски клупски првенства, четири европски Суперкупа, еден шпански Суперкуп и една титула во шпанското првенство, како и еден трофеј во Кралскиот Куп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Волејот на Доргу му пресуди на Њукасл
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 1:0 во 18-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“, победија на „Олд Трафорд“ по повеќе од два месеци, беа во серија од три натпревари без победа.
Манчестер Јунајтед беше подобриот противник во првото полувреме и ги искористи шансите што им се укажаа.
Матеус Куња имаше шанса, но беше запрен од Рамсдејл, меѓутоа, неколку десетици секунди подоцна, по одбиена топка, Доргу фати волеј и ја „искина“ мрежата.
THAT VOLLEY FROM DORGU 😮💨🔥 pic.twitter.com/QVAi1hQWvZ
— Goals ⚽ 🥅 (@goalplus) December 26, 2025
Второто полувреме му припадна на Њукасл. „Страчките“ нападнаа, а Хол имаше одлична шанса кога ја погоди пречката.
Гостите можеа да израмнат на крајот од 90-та минута, кога топката стигна до Мајли во шеснаесетникот, но тој шутираше над пречката.
Со овој триумф, Манчестер Јунајтед ја презеде петтата позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода, додека Њукасл е 11-ти со 23.
Foto/ depositphotos
Спорт
Жестока казна за Марко, му рекол на судијата дека е „ку..ин сим“
Реал Мадрид во последниот меч во 2025 година, одигран минатиот викенд, ја победи Севилја со 2:0.
Гостите од Севилја од 68-та минута, играа со фудбалер помалку, кога Маркао го доби вториот жолт картон.
Бразилецот, потоа влезе во расправија со судијата Алехандро Муњиз Руиз, му рекол дека е „ку..ин син“, што судијата го нотирал во извештајот од натпреварот.
Шпанската фудбалска федерација му изрече жестока суспензија на фудбалерот на Севилја. Маркако ќе отсуствува во наредните шест натпртевари.
Во образложението стои дека по еден натпревар суспензија добил поради исклучувањето и неспортското однесување, а четири натпревари суспензија добил поради навреда упатена кон судијата.
Тој ќе ги пропушти средбите со Леванте, Селта, Елче, Атлетик Билбао, Мајорка и Џирона, и нема да му биде достапен на тренерот Матијас Алмеида до 15 февруари, кога Севилај ќе игра против Алавес.
Спорт
(Видео) Макаби среде Белград го прегази Партизан, Тајрик Џонс жестоко се расправаше со навивачите
Кошаркарите на Партизан доживеака уште еден дебакл во Евролигата. На домашен терен, загубија во 18-то коло од Макаи со 87:112.
Партизан, на овој меч повторно го собори негативниот клупски рекорд, прими најмногу поени во еден натпревар во Евролигата. Во претходното коло, црно-белите примија 109 поени.
На клупата на Партизан дебитираше Џоан Пењароа, а на теренот Камерон Пејн, кој со 15 поени беше најефикасен играч кај домашниот тим.
Навивачите, пред во текот и по натпреварот беа гласни во свирежите кон некои играчи и клупското раководство.
Во главна улога беше Тајрик Џонс, кој по завршувањето на натпреварот влезе во вербална и речиси физичка пресметка со навивачите.
Tajrik Džons se nakon meča Partizana i Makabija našao u raspravi s publikom.#kkp #kkpartizan pic.twitter.com/A9YthpP7e5
— Meridian Sport Srbija (@meridiansportrs) December 26, 2025
На Џонс не му се допаднаа свирежите, затоа беше во центарот на вниманието, покажувајќи му на некого од трибините да слезе и да се соочи со него.

