Спорт
Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со настап на SLOVAKIA RING
· AKK Рено Спорт најавува уште еден возбудлив викенд заедно со LEMA Racing
Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Slovakia Ring во Словачка.
Таму ќе се вози втората трка од Twingo Eurocup бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци: Ненад Костовски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.
Преносот на натпреварите ќе се емитува на Канал 5 Телевизија во следните термини:
- 05.2021 (Сабота) Прва трка – 16:10 часот
- 05.2021 (Недела) Втора трка – 10:50 часот
Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули) Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.
Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Даглас Луиз се врати во Астон Вила
Астон Вила мораше да реагира, на зимскиот пазар, поради големиот број повреди, па Унаи Емери сега повторно го доби Даглас Луиз.
Бразилецот не доби посебна шанса на позајмица во Нотингем Форест од Јувентус, поради што тој ги напушти „шумарите“, а Јувентус му дозволи да се врати во Астон Вила.
Даглас Луиз на овој начин се враќа во тимот на Емери по 18 месеци и трансферот во Јувентус, каде не се прослави.
Тој се пресели од Вила во Јувентус во летото 2024 година за дури 51.500.000 евра. Претходно го носеше дресот на Вила пет полни години, а интересно е што пристигна во Бирмингем од Манчестер Сити, каде што никогаш не доби вистинска шанса.
Вила сега го донесе на позајмица со опција за откуп во лето, но бројката не е позната.
Ова е големото враќање на капитенот, кој одигра дури 204 натпревари за Астон Вила, со улинок од 22 гола и 25 асистенции.
Луиз е ангажиран бидејќи сезоната заврши за Бубакар Камара, додека Мекгин и Тилеманс ќе бидат надвор од теренот неколку недели.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шавјацарија го запре Исланд, натпреварот во Малме заврши без победник
Ракометната репрезентација на Швајцарија одигра нерешено со Исланд 38:38 (19:19) и ја искомплицира ситуацијата во борбата за полуфиналето во групата 2 на Европското првенство.
Швајцарија, која нема шанси да се пласира во полуфиналето, одигра одличен натпревар против Исланд и речиси дури триумфираше против фаворитите.
Предноста беше на страната на Швајцарците во поголемиот дел од натпреварот, најголемата разлика беше во два наврати во второто полувреме (26:23, 28:25, 35:32). Во исклучително драматичен финиш, Исланѓаните прво ја надоместија негативата од два гола, а потоа, кон крајот, имаа напад за победа на околу триесет секунди пред крајот.
За среќа на Швајцарија, Исланд не го искористи најважниот напад на натпреварот и натпреварот заврши без победник.
Леополд Ноам беше подобар за Швајцарците со седум гола од седум шута, Џино Стенертс постигна шест од исто толку обиди, Феликс Ален придонесе со пет.
За Исланд, Елији Видјарсон и Ори Фрајт Боркелсон беа најефикасни со по осум гола.
Нерешениот резултат на Исланд е добра вест за нивните ривали, Шведска, Хрватска и Словенија, репрезентации кои имаат по четири бода и до крајот ќе одиграат по два натпревари.
Спорт
Најмалку седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа
Страшна сообраќајна несреќа, се случи во Романија. Во несреќата загинаа седум навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК.
Група навивачи на ПАОК кои патуваа во Франција на натреварот од последното коло во Лига Европа, против Лион доживеаја трагична судбина.
Според првите информации објавени од романските и грчките медиуми, во несреќата загинаа седум лица, од кои пет се грчки државјани.
Навивачите патуваа од Александрија до Франција за да го бодрат својот тим во последното коло од Лигата на Европа, кое ПАОК го игра против Лион во четврток. За жал, нивното патување беше прекинато на романски автопат во една од најлошите сообраќајни трагедии во последно време.
Несреќата се случи на патот ДН6-E70, еден од главните патишта во тој дел од земјата. Мал автобус, кој доаѓаше од Грција и одеше кон Франција со вкупно десет патници, се обиде да престигне друго возило.
Враќајќи се во својата лента, возилото удрило во цистерна, по што биол фрлено во спротивната лента каде што се судрило со камион.
Во страшната несреќа учествувале вкупно четири возила – камион, минибус и два патнички автомобили.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Покрај седумте загинати, како што објавија грчките медиуми, уште три лица се повредени и итно префрлени во болници. Според властите, состојбата на двајца од повредените е критична, додека третото лице е во болница со сериозни повреди.

