Контакт

Спорт

Maкедонец од кого стравуваат вимблдонските судии

Објавено пред

Од Лондон Ненад Живановски

dobivaj vesti na viber

Светот е мал, а вимблдонскот село на најдиректен начин покажа дека е глобално село. Во медиа ресторантот, во кој иако во секој момент циркулираат стотина новинари и медимски работници од најразлични делови на светот, сепак да сретнете Македонец е статистички возможно исто колку и да добиете покана за „чајанка во четири“ од Кралицата. Сепак, чудата се можни и тоа се случи додека седев во ресторантот со таткото на нашиот тенисер Калин Ивановски, Александар. Од соседната маса дискретно ни пријде и нè поздрави на чист македонски јазик еден средовечен господин. Се претстави дека се вика Блаже Трифуновски и дека работи за Меѓународната тениска федерација како официјален контролор на хокај системот (official review).

Во продолжение следи занимливата животната приказна на овој скопјанец, кој со својата професија е алфа и омега на сите големи АТП, мастер и гренд-слем турнири и чиј ангажман често пати претставува последниот – клучен! – фактор, кој решава кој ќе биде победникот на еден тениски натпревар.

„По професија сум специјалист по медицинска биохемија, и работев како началник на лабараторија во Воената Болница во Скопје до 1994. година, кога решив да се отселам во Нов Зеланд. Пред да заминав, рекреативно се занимавав со тенис во ТК Југ, а кога Југославија се распадна, Македонија побара да стане членка на Меѓународната тениска органзација. Еден од условите беше да имаме судиска органзација и од ТК Југ ми доделија тој дел јас да го организирам. Така и се заинтересирав за судењето, што подоцна ќе се покаже за клучно за мојот живот во Нов Зеланд. Таму, прво што направив беше да станам член на тамошната судиска организација, со што почнав и да работам како тениски судија. Во 1997. година, во Сингапур, го положив тестот и ја добив првата меѓуародна бронзена значка за да можам да работам како тениски судија во столица. Потоа, почнав да патувам на многу турнири ширум светот, многу врати ми се отворија и така почнав да го градам моето име во тенискиот свет“.

Следната пресвртница во судиската кариера на Блаже Трифуновски му се случува во 2006. година, на турнирот во Мајами, кога за прв пат била воведена хокај технологијата, а тој бил одреден да биде првиот официјален контролор за хокај.

„Со овј податок јас сум влезен во историјата на хокај системот, како еден од првите тренирани официјални контролори во светот. Како навлегував во оваа технологија, така постепено го напуштав судењето во столица, а се повеќе се ориенторав како ревју офишал. Од одма сфатив дека хокај системот ќе биде нешто ново во тенисот, и мислам дека направив добра антиципација. Од тогаш до денес, сите турнири кои биле покриени со хокај системот јас ги работев. Тоа се мастер турнирите во Мајами, Индијан Велс, дванаесет години АТП турнирите во Лондон, сите гренд-слемови во Америка, Австралија и Вимблдон, освен Роланд Гарос, кој, поради подлогата, не го практикува хокај системот. Сега имам договор со АТП и позицијата ми е ЕЛЦ координатор (electronic line calling coordinator).

Кога го имате за соговорник најдобриот познавач на хокај системот, разбирливо е и дека ќе сакаате да дознаете како функционира тој.

„Тој претставува технологија на целосно следење (full tracking technology). Околу теренот се инсталираат 10-12 хокај камери, кои се независни од телевизиските, и кои снимаат 60 фрејмови во една секунда и го следат топчето во секој момент. Значи, сите 12 камери во исто време го следат топчето и го снимаат. Софтверот кој го користат е програмиран да им дава инпут на камерите да следат нешто што е мало, има одреден дијаметар и е со светла површина. Така камерите се фокусирани само на топчето и не ги следат играчите, соборачите на топки или линиските судии. Исто така, пред натпреварот се мерат димензиите на теренот, ако има некои аномалии на теренот, на пример, да има испапчнатина или вдлабнатина, сè е тоа инкорпориано во софтверот. Оттука, камерите кога го

следат топчето точно знаат во кој момент на кој дел од теренот е тоа и во кој миг го допира теренот и дали е тоа дел од теренот каде е рамно, или има вдлабнатита или испапчнатина. Така што, во истиот момент кога ќе се побара од главниот судија проверка на одлука на линиски судија или тенисер дека топчето било внатре или надвор од линијата, јас во судиската соба каде седам знам дали е аут или не и го почнувам процесот да биде прикажана анимацијата на големиот дисплеј и на телевизија“.

Принципот на работа на овие хокај камери е сличен со оние камери на фудбалските стадиони, кои се фокусирани на секој играч поединечно и потоа се пресметува колку метри истрчал на натпреварот, на кој дел од теренот највеќе бил позициониран и слично. Техничкиот апсект од работата на хокај системот и како софтверот оперира Трифуновски пластично го објаснува на следниов начин:

„Секој поен е еден фајл. Пред да почне поенот, техничарот им дава клик на камерите и тие почнуваат да снимаат. И кога поенот ќе заврши тие стопираат да снимаат. И тоа е еден фајл за тој поен. На тој начин сите поени кои биле следени од почеток на примената на хокајот од 2006 године, се имаат сочувано. Така, денес ако некој каже дека во 2006. година имало контроверзен поен, можеме да го земеме фолдерот од тој меч, да го отвориме фајлот и да кажеме дали топчето било 12 милиметри надвор или 12 милиментри внатре. Или од меч кој е во тек ако сакате да видите некој поен од пред три геима, или еден сет, доволно е да го знаете фајлот на поенот и веднаш ние можеме да го пуштиме на големиот семафор или телевизија“.

Иако хокајот изгледа совршено непогрешлив, дилемата за обичните гледачи е дали тој може да погреши и дали некогаш она што тие го виделе со свои очи на телевизија е поверодостојно од „соколовото око“.

„Сите системи кога ги тестираме ги тестираме на нивната прецизност и доверливост. Меѓутоа, како и секоја друга технологија и хокајот може да направи грешка и тоа зависи од многу фактори. Направен како технологија за следење на топче кое се движи со голема брзина, има многу елементи кои можат да

афектираат во одредени случаји. На пример, кога има сенки во теренот, или пола терен е на сонце, а пола во осојница, тоа може да предизвика конфузија за камерите, бидејќи тие третираат топче кое има една боја и светлост и одеднаш доаѓа до промена кога топчето ќе дојде во сенка. Значи, може во некои случаји да има грешка, но тоа се толку ретки случаји, на пример на 10 илјади поени, еден да биде погрешно следен“.

Ако не може да погреши, дали хокајот може да биде наместен, односно техничарот да манипулира и лажно да го прикаже движењето на топчето на анимацијата која се прикажува на семафорот на тенискиот терен и на телевизиите.

„Не, системот е автоматски, а техничарот само го стартува и стопира кога да почне да го следи топчето и кога да престане“.

Овој фантастичен прогрес и продор на технологијата во тенисот, логично го наметнува прашањето колку еден тениски меч треба да биде покриен со хокај системи за судиите да постанат непотребни?

„Тоа е новата технологија која се користи и се нарекува хокај лајв. Короната беше главниот фактор тој да добие на замав бидејќи постана нужно да нема толку луѓе на теренот, а линиските судии беа голем фактор бидејќи на големите турнири ги имаше и до 400-500 на број. Со преземање на хокај лајв системот, турнирите се ослободина од голем број судии. Како наследство од тоа, сега сите турнири во САД се со примена на хокај лајв и само има судија на столица, а сè останато е покриено од камери. И оваа технологија работи на истиот принцип како хокајот, со тоа што дополнително има снимен и глас за аут, и кога ќе се случи топката да е надвор од линијата се пушта тој снимен глас дека е аут. Сметам дека тоа ќе биде иднината на тенисот, и дека сите линиски судии ќе бидат елиминирани“.

Тенисот како пионир во примената на хокај системот постанува привлечен и за другите спортови, на пример за фудбалот. Дали нашиот соговорник би сакал да гледа фудбал со хокај систем или повеќе сака да се задржи традиционалната драж, а технологијата да остане надвор од фудбалските терени?

„За мене употребата на хокај системот во фудбалот би била добра само за да се одлучи дали топката ја поминала гол линијата или не. За сè друго, како фаул, пенал или офсајт зависи што фудбалот сака да направи во иднина. Дали сакаат да го елимираат човечкиот фактор тотално и во тој случај да го користат хокај системот или не. За мене, за да остане дражот на фудбалот и возбудувањето, би требало да остане да се користи само технологијата за гол, а сè останато да му се препушти на слободното судиско убедување“.

Ваквото размислување е на трагот на вечната етичка дилема за филозофијата на фудбалот: дали дражта и задоволството на играта треба да бидат приоритетни во однос на вистината и правичното судење.

„Истото прашање е присутно и во тенисот. Дали да го употребуваме хокај лајвот во сите ситуации и тогаш кога тенисерот нема да бде сигурен, не застанал и продолжил да игра, а топчето било надвор од линијата. Дали тогаш автоматски хокај лајвот да ја стопира играта. Тоа е дилемата бидејќи од една страна сакаме да ја задржиме традицијата на тенисот, но од друга страна можеме да имаме неточни колови. Во која насока ќе оди тоа не можам да предвидам, но секогаш ќе постои таа дилема во тенисот како и во фудбалот“.

Истата дилема е присутна и во другите спортови. На пример, она чуено финале на 100 метра делфин од 2008. година, на Олимписките игри во Пекинг, помеѓу Миодраг Чавиќ и Мајкл Фелпс. Трката заврши со објаснување на судиите дека Чавиќ прв стигнал на целта, но Фелпс посилно го допрел сензорот. Дали во овој случај, кога би се користел хокајот, победникот поправично би бил одреден?

„Мислам кога хокајот би бил употребен во таа трка дека би одредил стопроцентно кој прв ја допрел целта и за колку време го сторил тоа, без разлика на силината со која таа се допира. За хокај системот не е битна силината на допирот на сензорот, туку само моментот на првичниот физички допир на пливачот со сензорот. Тоа е принципот на кој работи хокајот во тенисот: за него не е важно со колкава силина топчето ја допира земјата и почнува да се деформира од ударот, туку системот ја регистрира онаа микро секунда на прв допир на топчето со земјата“.

Секако дека правдата му е драга на оној во чија полза е, но не ја сака губитникот. Особено на удар се линиските судии кога хокајот ќе покаже дека погрешиле. Оттука, на кого нашиот соговорник му е поголем непријател: на судиите или на тенисерите кои грешат во својата одлука?

„Има играчи кои го прифаќаат системот, а има и кои не го сакаат. И тоа е пола-пола. Исто е и со судиите, бидејќи линиските судии се многу погодени со оваа техничка иновација и стравуваат од неа бидејќи им ја одзема работата, но и покажува кога погрешно пресудиле. Можете да бидете и најдобриот линиски судија на светот и пак да направите погрешна проценка за аут. И покрај тоа, сите најдобри светски судии, како Лајани, Фернандес, Чичак, ги познавам и ми се добри пријатели. Сите тие прифаќаат дека технологијата мора да нè води напред, и дека не можеме да останеме каде сме биле пред 20 години. Технологијата навлегува во сите спортови, така што во иднината неминовно ќе биде дел и од тенисот“.

А, каков е односот со тенсиерите?

„Нормално кога работите во тенисот дека се гледате и се познавате со тенисерите, но тоа е стриктно професионален однос, така што кодексот не ни дозволува ние да бидеме пријатели, да седиме заедно, јадеме и да се социјализираме“.

Од сите мечеви кои ги работел како ревју офишал нашиот соговорник го издвојува следниов како најдраг:

„Финалето на Вимблдон помеѓу Надал и Федерер во 2008 година. На тој меч јас бев единствениот офишал ревју за целиот меч и целите пет часа јас ги одработив. Тоа е мечот кој никогаш нема да го заборавам“.

За еден ден му претстои ново вимблдонското финале. Очекува ли дека ќе има многу работа?

„Очекуваме дека ќе биде голем меч, но и дека ќе имаме многу работа. Ќе мораме да се концентрираме, за финалето да помине без никаков инцидент или контроверзност од наша страна“.

На крајот од разговорот, како фан на Ноле, не можев да се воздржам, а да не го замолам ако во недела има некоја „стани-падни“ ситуација на штета на Ноле, малку и да замижи, не мора баш сè да биде според правилата.

„Тоа е нешто што никогаш нема да се случи, зашто ние мораме да сме неутрални и колку приватно да имаме некој тенисер за фаворит. Како професионаци, тоа во нашата работа е незамисливо“.

Текст и фото од Вимблдон: Ненад Живановски

Спорт

(Видео) Лил ја згасна Звезда

Објавено пред

Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.

dobivaj vesti na viber

Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.

Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.

Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.

Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.

Foto/ Starsport

Прикажи повеќе...

Спорт

Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор

Објавено пред

Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.

dobivaj vesti na viber

Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.

Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.

EPA/GEORGI LICOVSKI

Прикажи повеќе...

Спорт

Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи

Објавено пред

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.

„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.

Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.

Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија12 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија13 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија14 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија14 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија15 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа16 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија16 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион17 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет17 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија17 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија17 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија18 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион18 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет18 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет19 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион20 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион20 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...