Спорт
Маџукиќ повеќе не тренирал со Јувентус
Марио Манџукиќ повеќе не тренирал со Јувентус. Наводно тој ги договорил сите детали околу трансферот во Милан. Поранешниот хрватски репрезентативец нема одиграно ниту една минута откако клубот го презеде Маурицио Сари.
Доклго време траат шпекулациите каде Манџукиќ ќе ја продолжи кариерата. Минатата недела се појавија информации дека тој постигнал договор со Манчестер Јунајтед, но како што тврдат италијанските медиуми тој од јануари ќе игра во Милан.
Поради тоа Манџо повеќе не тренирал со Јувентус, а веста ја потврдиле и од клубот.
„Во договор со клубот Манџукиќ повеќе не тренира со нас. Доколку нешто се семни во неговиот договор јас сум отворен за разговор“, рекол тренерот на „старата дама“, Маурицио Сари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сака да го напушти Манчестер Јунајтед, подготвен да игра за пониска плата во Јувентус

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, е подготвен да прифати пониска плата за да го напушти клубот и да се приклучи на Јувентус, објавија британските медиуми.
Санчо е подготвен да се согласи на плата помала од 200.000 фунти неделно за да се приклучи на Јувентус, но италијанскиот клуб не ги прифатил условите на Јунајтед, ниту барањата на играчот, објави „Дејли меил“.
Санчо моментално заработува 300.000 фунти неделно и би прифатил плата од нешто повеќе од 180.000 фунти, или 7 милиони фунти годишно.
Се вели дека Јувентус предложил годишна плата од 5 милиони фунти плус бонуси, што би значело дека Англичанецот би заработувал 130.000 фунти неделно.
Неговиот клуб бара 25 милиони фунти.
Санчо побарал да го напушти „Олд Трафорд“ и, според медиумските извештаи, му било кажано да не доаѓа во тренинг-центарот бидејќи не е во добри односи со менаџерот Рубен Аморим.
Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, каде што одигра 31 натпревар.
Неговиот договор истекува за една година и ова е последното лето кога Јунајтед би можел да заработи од неговото заминување.
Спорт
Истрагата потврди: позната причината за несреќата во која загина Диого Жота

Фудбалскиот свет беше шокиран во четврток од веста дека Диого Жота, ѕвезда на Ливерпул и португалската репрезентација, загинал во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора.
Загина и неговиот помлад брат Андре Силва. Несреќата брзо стана вест на неделата, а сегашни и поранешни спортски легенди му оддадоа почит на Диого.
Според шпанската Цивилна гарда, пребрзото возење е главната причина за несреќата во која загина Диого Жота.
Иако анализата е сè уште во тек, истражителите рекоа дека ќе обрнат посебно внимание на „трагите што ги оставило едното тркало на возилото“, но дека сè укажува дека брзината на возилото во времето на несреќата била значително над ограничувањето на брзината на тој дел од патот.
Tributes on display for Diogo Jota at Liverpool’s training ground as players return for preseason training. pic.twitter.com/FW2E7dIBm6
— ESPN FC (@ESPNFC) July 8, 2025
Жота и неговиот брат биле во изнајмен „Ламборџини Хуракан“, кој излетал од патот и веднаш се запалил. Двајцата починале на местото на несреќата, пред да пристигнат спасувачките служби.
Спорт
Челзи го совлада Флуминенсе со 2:0 и се пласира во финалето на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Челзи обезбедија пласман во финалето на Светското клупско првенство со убедлива победа од 2:0 над бразилскиот тим Флуминенсе. Натпреварот се одигра на стадионот „Метлајф“ во САД, каде што англискиот претставник доминираше во текот на целиот меч.
Двата гола за „сините“ ги постигна Жоао Педро, во 18. и 56. минута, носејќи му на Челзи сигурна предност и контрола над играта. Педро е поранешен играч на Флуминенсе, па со вечерашните два гола успеа да го елиминира својот поранешен клуб.
Флуминенсе не успеа да се закани сериозно, и покрај неколкуте обиди во второто полувреме.
Челзи сега го очекува финалето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Ал-Ахли.