Спорт
Маестрална партија на Ембид за Филаделфија, Феникс обезбеди место во плејофот
Кошаркарите на Феникс санс го совладаа Сан Антонио спарс со 114:95 и станаа четвртиот тим од Западната конференција кој обезбеди пласман во плеј-офот од НБА лигата.
Девин Букер постигна 27 поени, а го следеа и останатите ѕвезди од квартетот, Крис Пол со 22, Деандре Ајтон 19 и Кевин Дурент 18 поени.
На три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, „сонцата“ имаат ефект од 44 победи и 35 порази.
Џоел Ембид беше маестрален и ја предводеше Филаделфија до триумф од 103:101 против победи Бостон селтикс. Тој постигна 52 поени и имаше 13 скока, а Ембид уште еднаш се наметна како главен фаворит за освојување на МВП признанието.
Никола Јокиќ одигра само 24 минути за Денвер кој доживеа пораз од најслабиот тим на Западот, Хјустон рокетс со 124:103. И покрај намалената минутажа, Јокиќ успеа да оствари дабл-дабл од 14 поени и 10 скокови.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја совладаа Јута џез со 135:133 по продолжение. Леброн Џејмс се врати во ритам по повредата и постигна 37 поени.
Резултати НБА: Шарлот – Торонто 100:120, Детроит – Мајами 105:118, Орландо – Кливленд 113:117, Вашингтон – Милвоки 128:140, Бруклин – Минесота 102:107, Чикаго – Атланта 105:123, Хјустон – Денвер 124:103, Мемфис – Портланд 119:109, Њу Орлеанс – Сакраменто 103:121, Филаделфија – Бостон 103:101, Јута – ЛА Лејкерс 133:135, Голден Стејт – Оклахома 136:125, Феникс – Сан Антонио 115:94.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos

