Спорт
Магија со три топки на тренинг на Ерлинг Халанд

Норвешкото „чудо“ од напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е фудбалски мајстор покажувајќи интересен трик со три топки на тренинг.
Тој прво успеа да ги нареди топките една на друга, а потоа трите да ги упати во метите поставени во аголот на голот.
На крајот, секако, почести со еден танц.
He does not miss…@ErlingHaaland is ridiculous! ? pic.twitter.com/1xspqH6VvA
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) October 14, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црна Гора со минимална победа на гости во Бугарија

Црногорската фудбалска репрезентација имаше одличен старт на квалификациите за Европското првенство во 2024, победувајќи на гости во Бугарија со 0:1 во првиот меч од групата Г.
Човек на одлука беше фудбалерот на Црвена звезда, Никола Крстовиќ, кој успеа да стрела во 70. минута по асистенција на Стеван Јоветиќ.
Трите поени може да бидат клучни за пласман во релативно лесната група Г, каде што уште се и Србија, Унгарија и Литванија.
Спорт
Евертон обвинети за прекршување на финансискиот ферплеј

Премиерлигата отвори случај против Евертон за прекршувае на правилата за финансиски ферплеј (ФФП) минатата сезона. По истрагата на независната комисија, Евертон пријавиле вкупни загуби од 371.8 милиони фунти, период во кој според правилата на англиската лига им бил дозволена загуба од 105 милиони фунти.
Според „Гардијан“, Премиерлигата ја почнала истрагата по барање на извршниот директор на Лидс јунајтед, Ангус Кинир и претседателот на Барнли, Алан Пејс минатата сезонаа. По ова следуваше 10-месечна истрага, а сега на Евертон, кои и така се вклучени во борба за опстанок им се заканува финансиска казна, но и можно одземање на поени.
Спорт
Мото ГП: Милер со рекорд, Еспархаро по страотниот пад заврши во болница

Австралиецот Џек Милер со својот КТМ стигна до изненадувачко прво место на вториот тренинг пред Португалското ГП, првата трка од Мото ГП сезона, во сесија во која Марк Маркез и многу други возачи ја завршија сесијата со падови, а Пол Еспархаро заврши во болница.
Возачот на ГасГас Тех3, Есперхаро ја загуби контролата на мотоциклот во 10-тиот круг удирајќи во бариерите. Според официјалните информации, тој има повреди на грбот и градите, но не се знае сериозноста на повредите.
Зад Милер, на второто место сесијата ја заврши Маверик Вињалес во Јамаха, додека трет беше актуелниот шампион, Франческо „Пеко“ Бањаја.
Good day for Jack Miller but an unfortunate practice session Pol Espargaro. pic.twitter.com/HbQn92X7kx
— Rovian Nomio Kawasaki♰⚰︎↑ (@motoblooper) March 24, 2023
@polespargaro Crash 😱 #PortugueseGP #MotoGP pic.twitter.com/Bi3eH5YPnU
— Tiago430 (@Tiago4301) March 24, 2023
Taking top honours and smashing the lap record out of nowhere 🔥
Here's the full recap of the eventful #MotoGP afternoon session that saw @jackmilleraus end the day ahead of Maverick Viñales 💪#PortugueseGP 🇵🇹 | 📰https://t.co/tT4gNRaaQ0
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 24, 2023